1. Со статус на “Top Rated” на Upwork во област (дигитален маркетинг) која секојдневно се менува кажи ни нешто повеќе за ова достигнување? Како успеа да бидеш “чекор понапред” пред твојата конкуренција?
Top Rated статус добив со многу, многу посветеност и претпазливост во смисла на кои проекти ќе аплицирам, и со кои клиенти ќе соработувам. Почнав да работам на Upwork без апсолутно никакво искуство, бидејќи пред тоа 7 години бев Nail Artist. Бидејќи имам завршено Е-бизнис, имав познавање од доста поими и имав стекнато одредено знаење, но го немав искористено во пракса. Со Upwork почнав во март годинава. За еден месец го добив првиот проект. Бев посветена буквално секој ден. Утрото ми почнуваше со 1-2 часа на Upwork, и паралелно со курсеви на Udemy. Гледав што се бара, што мене ми недостига како skill и тоа го надоградував. Аплицирав на проекти кои во моментот сметав дека можам да ги изработам и не ми се преголем залак. Со текот на времето задржав поголем број на клиентите и еве од март до сега соработувам со нив. И на тој начин си го задржав Top Rated статусот.
2. Како се запозна со фриленсерството? Дали и 5 години во иднина се гледаш себеси како фриленсер? Зошто?
Со фриленсинг се запознав така што повеќе го форсирав сопругот да почне да бара некоја плус работа, бидејќи тој работи како UI/UX дизајнер, и има долгогодишно искуство. Покрај тоа, се заинтересирав и јас. Едноставно отсекогаш знаев дека на мојот карактер не одговара на работа од 9 до 5 на едно место. Едноставно не можев да се замислам себеси така. И откако почнав да истражувам малку повеќе, веднаш знаев дека freelancing е my cup of tea.
3. Моментално живееш и работиш во Полска. Кажи ни повеќе за регулирањето на фриленсингот таму. Доколку би можела што би вовела во Македонија?
3. Во Полска сме само неколку месеци, и единствено што знам е дека до 26 години младите се ослободени од ваков данок, јас ќе полнам 25 за некој ден па таман ќе искористам една година. Планирам периодов да се вклучам во фриленс групи и тука, па се што ќе дознаам и ќе сметам дека е важно и може да се имплементира и во Македонија, со задоволство ќе го споделам.
Адријана е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку нејзината експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.
Доколку сакате да научите за Маркетинг на социјални мрежи од Адријана и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК
Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.