You are currently viewing Град за сите

Град за сите

ПРИСТАПНОСТА се појави како резултат на развојот на цивилизацијата, законодавството и секако, развојот на технологијата. Пристапноста се потпира на: признавање, прифаќање и промовирање на правата на сите човечки суштества (главните темели на европската филозофија). Таа се развива врз принципите на: антидискриминација, промовирање на еднаквост и промовирање на инклузија.

Донатор: Град Скопје

Партнер: НВО „Без ограничувања“

Цел на проектот:

Проектот „Скопје град за сите“ е подготвителен проект за имплементација на поголема регионална програма „Град за сите“ за информирање за пристап до инфраструктура за лица со попреченост.

Програмата имплементира дигитално решение кое ја мапира, оценува и коригира пристапноста на објектите и го објавува на апликација што лицата со попреченост можат да ја користат преку повеќе медиуми.

Имплементација на Проектот:

Февруари 2020 – Декември 2020

ФОНДАЦИЈА ИМПАКТ соработуваше со меѓународни организации во Србија кои ја иницираа оваа програма на регионално ниво и успеа да имплементира втора фаза во главниот град Белград. Во Македонија, ФОНДАЦИЈА ИМПАКТ го поттикна подготвителниот проект со Град Скопје и заедно со организација која ги застапува лицата со попреченост, доби мандат за негова имплементација.

Платформата за пристапност „Град за сите“ собира во донаторска корпа соработка со јавни и приватни партнери како што се:

Корисници:

Платформата таргетира:

  • Околу 15% од лицата со значителна попреченост во општата популација
  • Околу 10% од лицата со лесна попреченост во општата популација
  • Околу 20% од повозрасните лица во општата популација

Резултати:

Во подготвителниот проект ќе ги постигнеме следниве резултати:

  • ЕВАЛУАЦИЈА на 100 јавни институции кои ќе бидат евалуирани за лицата со попреченост да бидат информирани за нивното ниво на пристапност.
  • ОБУКА ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР на 20 обучувачи (тренери) кои ќе бидат обучени да ги едуцираат работодавачите како да ги зајакнат лицата со попреченост.
  • ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА на 50 угостителски објекти за да станат свесни за нивната ниска пристапност и да започнат со усвојување инфраструктурни промени за да можат да дојдат лицата со попреченост.