You are currently viewing Како да се стекнете со фриленсинг вештини

Како да се стекнете со фриленсинг вештини

Се повеќе луѓе се насочуваат кон фриленс работа како нивна кариера. Според статистиките на UpWork, во Западен Балкан со фриленс во 2021 година се занимавале 23.000 фриленсери. Од нив, во нашата земја вкупно има 3.200 од кои активни се 2.900.

Како најбарани вештини се: Adobe Photoshop, WordPress, Adobe Illustrator, Data Entry, Graphic Design, JavaScript, PHP, Internet Research, а не се исклучени и останатите дигитални вештини.

Убавината на фриленсерството е во тоа што фриленсерот го одредува своето работно време, има можност да работи за домашни и странски клиенти и може да оди на планинарење во вторник, ако сака.

Главни препреки за фриленсерите и како да ги надминете

Почетниците фриленсери често се двоумат како да стекнат прв клиент, како да плаќаат данок и добиваат здравствено и пензиско осигурување, како да го спремаат своето портфолио, како да го организираат своето време.

Курсот за фриленсинг го дава одговорот на сите овие прашања. Имено, овој курс се спроведува веќе неколку месеци и од него произлегоа вкупно 202 квалификувани фриленсери. Курсот континуирано го спроведуваат 5 тренинг центри во нашата земја: Semos Education, Seavus Education and Development Center, Brainster, Melita and Partners, Institute of Design and Technology како проект на Импакт Фондација финансиран од RECONOMY, Helvetas и Sida.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Резултати од курсот за фриленсинг

Претходните статистики на програмата RECONOMY велат дека во периодот од Јули 2021 година до Јуни 2022 година во тренинг центрите се обучени вкупно:

  • 202 обучени фриленсери;
  • 76 се мажи;
  • 126 се жени.

На курсот во било кој тренинг центар може да се пријават луѓе од сите возрасти кои немаат знаење за фриленсерство и да се стекнат со истото благодарение на иструкторите. Се’ што е потребно е компјутер, интернет и желба за надоградување.

Секој тренинг центар го спроведува курсот на свој начин. Дел го имаат како посебен курс, а дел го инкорпорираа во своите академии. Курсевите се слушаат од дома преку платформите на овие тренинг центри во работни денови во текот на неделата. Времето е договорено според слободното време на слушателите.

Бенефитите од земање на курсот за фриленсинг се директно поврзани со инструктор кој ви покажува како:

  • да стекнете прв клиент;
  • ефективно да го менаџирате своето време;
  • да ги задржите клиентите;
  • да бидете добро платени и да добивате добри оценки од клиентите;
  • да го креирате вашето портфолио.


Ако сакате да научите како да ги импресионирате клиентите, прочитајте го следниот блог пост Работа со клиенти: На што треба да внимавате како фриленсер?

Viktorija Andonova

Викторија Андонова е асистент за комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. Таа верува дека секој може да го постигне тоа што ќе го намисли и верува дека секој е способен за го надмине секој предизвик, колку и тоа да изгледа невозможно.