You are currently viewing Конференција: Девојки во Технологијата

Конференција: Девојки во Технологијата

 

Women in Tech® е меѓународна непрофитна организација со двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Организацијата се фокусира на 4 клучни области кои претставуваат повик за акција: Образование, Претприемништво, Настани и Истражување. Целта е да се образуваат, опремат и подготват жени и девојки со потребните вештини за успех во кариера во STEM областите. Во Република Северна Македонија, Women in Tech се присутни преку нивните амбасадори, но немаат регистрирано правно лице. ФОНДАЦИЈАТА ИМПАКТ е посредничка организација за активностите на Women in Tech во Република Северна Македонија.

Донор: Град Скопје

Партнер: Women in Tech

Цел на Проектот:

  • Да се претстават примери (role models) на успешни жени во технологијата пред поширока публика, што би ја зајакнало улогата на жената во технолошкиот сектор.
  • Да се охрабрат девојчињата и девојките повеќе да размислуваат за кариера во технологијата преку промовирање на опцијата за образование и кариера во технологијата.
  • Да се спроведе обука и информирање на најмалку 50 девојчиња и жени за тоа што подразбира работата во секторот.
  • Корисници на предложената програма се девојчиња и девојки на возраст од 6 до 24 години, на територијата на градот Скопје. Очекуваниот број на опфатени лица на Конференцијата е над 200 лица, од кои минимум 70% се жени. Конференцијата беше организирана од Women in Tech Macedonia и Фондацијата ИМПАКТ – Скопје со поддршка на Град Скопје со цел зајакнување на улогата на жената во технолошкиот сектор и охрабрување на девојките повеќе да размислуваат за кариера во технологијата.

Имплементација на Проектот:

Февруари 2020 – Јуни 2020

Резултати:

Прва онлајн конференција „Девојки во технологијата“: 10 говорници, 600 во живо, над 3000 гледачи.

Десет примери и успешни жени во технологијата, преку своите инспиративни приказни, ги охрабрија девојките да размислат за кариера во технологијата, преку онлајн конференцијата Девојки во технологијата која се одржа во четврток (14 мај 2020 година) во живо преку платформата Зум (Zoom) и социјалните медиуми и достигна над 3000 гледачи.

Во текот на 4 часа, десетте говорнички успеаја да го задржат вниманието на над 600 слушатели во живо и преку интеракција овозможија простор сите жени, девојки во технологијата и лидери во ИТ индустријата, да разменат мислења, да дискутираат за нивните животни приказни и да споделат искуства. Поставените прашања и дадените одговори ги разнишаа бариерите и стереотипите дека девојките не можат да успеат во технологијата.