You are currently viewing Мали производители кои се отпорни и водени од бизнис

Мали производители кои се отпорни и водени од бизнис

„Деловно водени, отпорни мали производители“ е проект кој произлегува од актуелната пандемија со Ковид-19 и нејзините предизвици за нашиот прехранбен систем. Локалните мали производители и работниците во синџирот на локално производство и преработка се соочуваат со предизвиците да откријат нови канали за дистрибуција, додека се под закана од невработеност и лоша позиционираност на нивните производи на пазарот. „Деловно водени, отпорни мали производители“ овозможува инклузивен и одржлив раст на малите производители на храна, како и континуиран раст на локалната економија и искоренување на невработеноста.

За време на имплементацијата на проектот, секој производител, врз основа на наодите добиени за време на комуникацијата, доби детален бизнис модел и менторство во неговата имплементација, со јасни насоки за иднината. Дополнително, за време на проектот, производителот имаше можност да биде промовиран преку социјалните медиуми, што овозможува поголема видливост и полесен и директен пристап до неговите клиенти.

Донатор: SDC / IME

Партнер: Slow Food

Цел на проектот:

Целта на оваа активност е, преку поддршка на Фондацијата Импакт, да се олесни процесот на менторство и советување на малите земјоделци за продажба на нивните примарни и преработени производи, а со тоа да се подобри директната продажба и маркетингот на земјоделските производи од мали размери.

Фондацијата Импакт ќе примени партнерски пристап за спроведување на оваа активност и тесно ќе соработува Slow Food Macedonia и Women in Tech.

Спроведување на Проектот:

Јануари 2021 – Август 2021

Активности:

  • Мапирање и избор на мали земјоделци и развивање критериуми за избор на мали производители со Slow Food
  • Развивање водич за безбедност на производи – Slow Food ќе развие водич за безбедноста на производите во согласност со Правилникот за флексибилност (Flexibility Rulebook)
  • Развивање бизнис модели прилагодени на потребите – За 20-те избрани микро бизниси, Impact Foundation разви прилагодени Canvas бизнис модели
  • Маркетинг и промотивни активности – дизајн и изработка на фото и видео материјали, кампања за промоција на социјални мрежи, градење капацитети за маркетинг на социјални медиуми со поддршка од Women in Tech и менторство на избраните мали производители.