Нашите ментори кои се дел од нашата интервенција поддржана од RECONOMY ги водат заинтересираните фриленсери во Северна Македонија. Нивната експертиза е од витално значење за обезбедување стабилна база на поединци заинтересирани да ја преземат оваа форма на самовработување и да заработат дополнителен приход.
Оваа активност е поддржана од RECONOMY.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Моника Зоксимовска – Архитект
Повеќе од 5 години искуство во работа како фриленс архитект за компании во Обединетото Кралство.
Давид Стефаноски– Копирајтинг и основач на Ridarec Content&Media
Давид ја започна неговата фриленс кариера во 2011. Неговиот став и страст за копирајтинг му донесе многу клиенти и овозможи да ја основа неговата компанија Ridarec Content&Media.
Добри Додовски – Видео Едитор
Top Rated Фриленс Едитор на видеа со неколкугодишно искуство во едитирање за разновидни клиенти. Тој помогнал на многу претплатници да пораснат за краток временски период.
Елена Костоска – Дигитален маркетинг, Оперативен менаџмент
Нејзината експертиза во фриленсерство резултираше со вработување од бројни компании за оптимизација на менаџмент на тимот, продажба, маркетинг и операции.
Данчо Димков – Продажба и маркетинг – Основач на Bizzbee Solutions
Неговото искуство во фриленсинг е клучно во развој на неговата професионалност, што му донесе многу награди како “Amazon’s Best Selling Book” и основање на Bizzbee Solutions во 2015 што сега брои 30 вработени.
Митко Кочовски – WordPress, Основач на Webpigment
Митко започна со фриленсинг пред повеќе од 10 години. Тој помогнал на многу клиенти успешно да го менаџираат и креираат својот вебсајт.
Блаже Спирески – Web Development, Графички дизајн, Видео Едитор и Виртуелен асистент
Неговите специјализации му помогнале успешно да заврши многу проекти во 8+ години како фриленсер работејќи за Амерички и Европски компании.
Андријана Ристовска-Анѓелкоски – Графички дизајн, Социјални медиуми и Менаџмент на социјални медиуми
Класифицирана како Top Rated на Upwork, Адријана успеала да менаџира со динамиката на дигиталниот маркетинг што и ја донела довербата на 4 клиенти со кои работи сега.
Горан Атанасовски – Графички дизајн
Креативен директор и бренд менаџер специјализиран за графички и веб сизајн. Работи за старт-ап компании помагајќи им во развој на нивниот бренд идентитет, како и комуникација на брендот преку визуелна репрезентација.
Димитар Велков – Web Development
Фриленсер со повеќе од 10 години искуство во web development, што му овозможи да стекне многу улоги низ многу компании зо технологија во Америка.