Фондацијата Импакт, која е активна во делот за менаџирање на дестинацијата, сведочи на потресни сцени со гладни кучиња по улиците, чиј број се зголемува шест пати во период од 6 месеци. Фондацијата „Импакт“ ги повлече сите можни врски за да ги мотивира менаџерите од приватниот сектор да донираат за стерилизација, вакцинација и станици за храна за уличните кучиња и мачки во селото.
Донатор: 31 општествено одговорна компанија
Партнер: Ски центар Маврово, Амос Шелтер, Општина Маврово и Ростуше, Република Северна Македонија

ФОНДАЦИЈАТА ИМПАКТ се здружи со Ски-центар Маврово и договори Гигантскиот Хуманитарен Слалом да биде причината поради која ќе регрутираме скијачи аматери од што е можно повеќе корпорации во земјата. Беше потребно приватниот сектор да ја разбере важноста од управување со дестинации и соодветно да постапи. Лансирана беше првата кампања за подигнување на свеста, а потоа беше промовиран и настанот за собирање средства. 31 компанија донираа повеќе од 12.000 CHF за каузата.
Имплементација на проект
Февруари 2020 – Февруари 2022
Резултати
Во подготвителниот проект ги постигнавме следниве резултати:
- Собрани средства: Собрани се повеќе од 1000 ЕУР од секоја компанија што учествуваше во натпреварот во Велеслалом.
- Свесност: Силна кампања за одговорни компании ги направи свесни за бројот на животински животи што може да се спасат во Општина Маврово.
- Третман на улични кучиња: Повеќе од 35 кучиња ќе бидат третирани во ветеринарен центар.
- Капацитетно зајакнување на едно засолниште за улични кучиња: Засолништето „Амос“ беше чисто ентузијастичка организација на која ѝ требаше градење на капацитети во однос на начините и методите како да се управува со засолништето и како да се пристапи до фондови.