Во текот на ноември и декември 2022 година, Импакт Фондација во соработка со ЦЕФЕ Македонија и останатите партнери, организираше обука за финансиска писменост за водење на мал бизнис, наречени Микро бизнис игри до профитабилен бизнис. Микро бизнис игри до профитабилен бизнис е високо интерактивен тренинг за микро-претпиремачи и за луѓе кои сакаат да научат како во пракса успехот и истрајноста на старт-ап компаниите и малите бизниси може да бидат подобрени.
Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно се одвива преку игри и симулации, кои се интерактивни и симулативни, како и натпреварувачки и предизвикувачки.
На двете обуки, каде што обучувачи беа Марија Велковска и Огнен Јанкуловски од Импакт Фондација, учествуваа вкупно 30 учесници од кои 25 беа жени.
Придобивки од обуката се:
- – Зголемување на знаењето и вештини за финансиите и претпримништвото при започнување на микро бизнис;
- – Способност да се препознаат нови бизнис можности;
- – Справување со неизвесни и непредвидливи настани и ризици, како и планирање на инвестиции;
- – Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели.
Главни цели кои се постигнаа со овие обуки се:
- – учесниците се охрабрени и поттикнати за основање сопствен бизнис;
- – отстранување на стравот при делот со финансиското работење во микро бизнисот;
- – меѓусебно вмрежување на учесниците и мотивација едни од други.
Во текот на 2023 година, планирано е повторно да се реалзираат обуки за финансиска едукација на претприемачи.
Оваа програма е испорачана во С.Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Junior Achievement Macedonia, Асоцијацијата на менаџмент консултанти МКА 2000, Импакт Фондација и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија.