You are currently viewing Девојки во технологија – онлајн конференција

Девојки во технологија – онлајн конференција

Импакт Фондација во соработка со Women in Tech Македонија со поддршка од Град Скопје организира oнлајн конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво.

Оваа конференција има за цел да претстави жени лидери и девојки во технологија и преку интеракција сакаме да овозможиме простор нашите жени, девојки во технологија, лидери во ИТ индустријата да разменат мислења, да дискутираат за своите животни приказни и да споделат искуство кое понатаму ќе ги инспира сите останати на прагот за избор на своја кариера како и напредок на сите останати жени и девојки во технологија и промоција на инклузивност на работното место.

Што може да очекувате:
Интерактивни презентации од 8 инспиративни жени лидери претприемачи и девојки во технологија.
Како да си помогнеме себеси и меѓусебно со поддршка и активно вклучување во понатамошните настани.

Кој сè може да присуствува:
Секој што сака да слушне инспиративни приказни без разлика на полот, професијата или воздраста.

Women in Tech Webinar | Девојки во Технологија

Igor Mishevski

Порамнување на организациите за импакт | Градење претпријатија | Развој на пазарниот систем | Зелена економија | Магистер по економија | Certified Management Consultant®