You are currently viewing 7 ЗЕЛЕНИ КОНЦЕПТИ: Клучни стратегии за одржлива иднина

7 ЗЕЛЕНИ КОНЦЕПТИ: Клучни стратегии за одржлива иднина

Во текот на мојата кариера од над 25 години, мојата страст и ангажман беа посветени на промовирање и имплементација на зелени концепти. Мојата експертиза во оваа област е дополнета со магистрирање во еколошка економија, што ми овозможи длабоко да се посветам на разбирањето и применувањето на зелените концепти. 

Секој од овие концепти нуди уникатни предизвици и можности, и заедно тие формираат моќен рамковен план за остварување на одржливоста на глобално ниво. Како некој кој е целосно посветен на остварувањето на одржлива иднина, со задоволство ги споделувам моите мислења и пристапи кон овие концепти. 

  • Одржлив Развој: Развој што ги задоволува потребите на сегашноста без да го загрозува идните генерации.
  • Зелена Економија: Економија ориентирана кон одржливост, намалување на загадувањето и социјална правда.
  • Циркуларна Економија: Систем што максимизира реупотребата на ресурсите и минимизира отпадот. Мерки за Спречување на Климатски Промени: Напори и политики насочени кон намалување на емисиите на стакленички гасови и адаптација на климатските промени.
  • Цели за Одржлив Развој (SDGs): Глобални цели поставени од ОН за елиминација на сиромаштијата, заштита на околината и просперитет за сите.
  • ESG Критериуми: Стандарди за бизнисите кои вклучуваат еколошки, социјални и управувачки аспекти.
  • Зелен Раст: Стратегија која ја поттикнува економската ефикасност и иновации без да штети на околината.

Одржлив Развој

Појава на Концептот: 1987, со Брундтландовиот извештај.
Водечки Процес: Обединети Нации (ОН).
Значење: Развој кој ги задоволува потребите на сегашноста без да го загрозува способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби.
Контекст: Основа за глобални политики за одржлив развој.
Сегашна Состојба: Самиот концепт се соочува со предизвици како што се климатски промени, нееднаквост и загадување. Сепак, постојат и значителни напредоци, особено во областа на обновливите извори на енергија и одржлива инфраструктура, кои се водечки
Лично Мислење: Одржливиот развој е еден од најстарите зелени принципи и е клучен концепт кој бара интегриран пристап и соработка на сите нивоа. Неговата реализација е критична за обезбедување на одржлива иднина за сите. Сепак, неговата применливост е далеку од практична, но одлична основа за сите следни концепти.

Зелена Економија

Појавa на Концептот: Крај на 1980-тите и почеток на 1990- тите.
Водечки Процес: Различни меѓународни организации и влади.
Значење: Економија која го намалува загадувањето и емисиите, одржува природните ресурси и поддржува социјална правда.
Контекст: Промовира економски раст и одржливост.
Сегашна Состојба: Постојано растечка, со фокус на зелени работни места, одржливи бизниси и иновации. Промовира ефикасно користење на ресурсите и енергетска ефикасност.
Лично Мислење: Зелената економија е фундаментална за достигнување на одржливост. Верувам дека таа е можна преку иновации и трансформација на традиционалните индустрии. Генерално зелената економија ги потенцира зелените индустрии/сектори. Мојата магистерска тема беше во делот на зелена економија и објаснување што значи таа. Постојат повеќе квалификации и поделба на разни сектори. Ако ве интересира повеќе, пишете ми.

Циркуларна Економија

Појава на Концептот: 1970-тите, со зголемена важност во 2010-тите.
Водечки Процес: Европската Унија и разни корпорации. Значење: Економски систем кој минимизира отпад преку повторна употреба, обновување и рециклирање на материјали (ресурси).
Контекст: Решение за ограничени ресурси и отпад.
Сегашна Состојба: На пат кон глобално прифаќање, со зголемена свест за потребата од намалување на отпадот. Многу компании веќе ја интегрираат оваа филозофија во своите бизнис модели.
Лично Мислење: Циркуларната економија е клучна за остварување на одржливост, особено во свет каде ресурсите се ограничени. Според мене, таа е најдоброто решение за многу еколошки проблеми. Главен аспект на ова е што го има факторот на поттик кај приватниот сектор бидејќи циркуларна економија значи заштеда на ресурси, а тоа значи помали трошоци и поголеми маргини. Ова е концептот кој би го избрал од сите останати, бидејќи е најпрактичен. Според мене во овој концепт спаѓа и енергетската ефикасност.

Мерки за Спречување на Климатски Промени

Појава на Концептот: 1990-тите.
Водечки Процес: ООН Конвенција за Климатски Промени (UNFCCC) и Кјото Протоколот.
Значење: Напори за намалување или спречување на емисии на стакленички гасови.
Контекст: Глобални иницијативи и одговори на климатските промени. Главен фокус на државите.
Сегашна Состојба: Зголемена глобална акција и обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, потребни се поголеми напори за да се постигнат целите на Парискиот договор.
Лично Мислење: Управувањето со климатските промени е можеби најголемиот предизвик со кој се соочуваме како човештво. Мерките за ублажување и прилагодување на климатските промени се концепт на кој многу работев последниве 20-тина години, почнувајќи од обуки за Clean Development Mechanism, изработка на Концепт ноти за проекти, мерење на заштедите на стакленички гасови, до концепти за Зелениот Климатски Фонд. Сепак, станав голем скептик за овој концепт, бидејќи најмногу се администрира (подготвува и мери), премногу се ветува, а многу малку се прави.

ESG Критериуми

Појава на Концептот: Рани 2000-ти.
Водечки Процес: Инвестициски фондови и регулаторни тела.
Значење: Критериуми кои се фокусираат на еколошки, социјални и управувачки аспекти на една компанија.
Контекст: Водич за одржливи и одговорни инвестиции.
Сегашна Состојба: Значително зголемување на вниманието кон ESG инвестиции, со компании кои сè повеќе се фокусираат на одржливи практики.
Лично Мислење: Со ESG критериумите се запознав кога се двоумев да инвестирам во различни ETF фондови. Правев доста истражувања и правев споредби. ESG критериумите играат витална улога во преориентирање на капиталот кон одржливи бизниси. Тие се клучни за промовирање на транспарентност и одговорност во бизнис секторот. ESG критериумите се еден вид на етикета која ги дефинираат бизнисите или фондовите како еколошко-етички. Сепак, лично јас, не верувам премногу во концептот, бидејќи се темели на репортирање и етикетирање – што би рекол еден мој пријател, обичен ПР.

Зелен Раст

Појавa на Концептот: Рани 2000-ти.
Водечки Процес: ОЕЦД и различни влади.
Значење: Стратегија за економски раст која е одржлива за околината.
Контекст: Спој на економски раст и одржливост.
Сегашна Состојба: Се забележува зголемена поддршка од влади и приватниот сектор, со фокус на зелени технологии и иновации. Со вклучување на дигитализацијата во зелениот раст може да се креира силен моментум за развој на економијата.
Лично Мислење: Зелениот раст е есенцијален за создавање отпорни и одржливи економии. Верувам дека ова е патот кон иднина која ги цени и штити нашите природни ресурси. Зелениот раст е економски концепт.  Зелен раст е процесот на фаворизирање економски раст и развој, вклучувајчи и зачувување на природните ресурси. Главната цел на зелениот раст е да се постигне силна, одржлива и инклузивна економија, преку подобрување на продуктивноста, зголемување на инвеститорската доверба, отворање нови пазари, и придонес за фискална консолидација, истовремено управувајќи со еколошките ризици и промовирајќи социјална еднаквост.

Цели за Одржлив Развоj

Појава на Концептот: 2015, Обединети Нации.
Водечки Процес: Обединети Нации.
Значење: Глобални цели за елиминирање на сиромаштијата, заштита на околината и осигурување на мир и просперитет за сите до 2030 година.
Контекст: Универзален повик за акција.
Сегашна Состојба: Значителен напредок во некои области, но сè уште постојат предизвици во остварувањето на сите цели до 2030 година.
Лично Мислење: SDGs се фундамент за глобална соработка и акција. Сметам дека тие се критични за создавање подобар и поодржлив свет. Лично, SDGs ги гледам како индикатори и барометар за успех на одржливиот развој. Многупати предлагам и организациите и компаниите да земат дел од целите, да ги присвојат (оние кои се вон нивниот сектор на делување) и да пробаат да репортираат според нив. Според мене, секое социјално претпријатие, освен финансиските индикатори на профитабилност, треба да усвои барем еден индикатор на SDG и да го користи како свој индикатор на успех.

Igor Mishevski

Порамнување на организациите за импакт | Градење претпријатија | Развој на пазарниот систем | Зелена економија | Магистер по економија | Certified Management Consultant®