Зелени работни места
Зелените работни места се пристојни работни места кои придонесуваат за зачувување или обновување на животната средина, било тоа да се во традиционалните сектори како што се производството и градежништвото, или во новите зелени сектори како што се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.
Ние веруваме дека зелените работни места се наоѓаат во многу области на економијата, од снабдување со енергија, рециклирање, земјоделство, градежништво до транспорт. Тие помагаат да се намали потрошувачката на енергија, суровини и вода преку високо-ефикасни стратегии, да се де-карбонизира економијата и да се намалат емисиите на стакленички гасови. Зелените сектори помагаат да се минимизираат или избегнат сите форми на отпад и загадување и да се заштитат и обноват екосистемите и биолошката разновидност .