You are currently viewing Ива Ивановска – дизајнер на облека во 3Д

Ива Ивановска – дизајнер на облека во 3Д

За прв пат во нашата држава воведена е сертифицирана обука за 3Д моден дизајн. Fashion-freelancer.mk досега имаат пет успешно завршени групи, со одлични резултати. Бидејќи интересот за овој курс е голем, новата група стартува на крајот од месец март. Повикот за новата обука можете да го најдете на линкот.

За обуката “Дизајн на облека во 3Д”, поразговаравме со Ива Ивановска, која успешно го заврши овој курс и се здоби со титулата дизајнер на облека во 3Д.

Сподели го твоето искуство со обуката дизајн на облека во 3Д.

Часовите се одржуваа онлајн. Траењето на часот беше доволно за објаснување на лекцијата, за поставување прашања и разјаснување на нејасностите. Менторите беа јасни и објаснуваа полека, секако со примери. Ни беше исто така дадено и скрипта во која беа напишани сите алатки и како да се користат. Менторите беа достапни 24/7, во секој момент и секогаш беа спремни да ни објаснат и обрнат внимание на проблемот што го имавме. Домашните ни беа дадени на време и беа поврзани со лекциите . Ако не ни беше нешто јасно ни беа праќани видеа каде што беа објаснети лекциите или проблемите и тешкотиите со што ќе се сретневме. Дури и по завршувањето на обуката повторно се достапни како што беа и претходно. Уживав во изработката на задачите, иако не беше лесно и често пати знаеше системот да закочи.  Највеке научив на работилниците што ги организираа, каде што бевме со физичко присуство и изработувавме проект.

Како се одлучи да аплицираш за оваа обука и да започнеш да работиш како филенсер?

Од секогаш ме привлекувала работата на компјутер особено 3Д дизајнот, бидејќи целиот процес од идеја до реализација е многу побрз, поефикасен, поеколошки и поекономичен, бидејќи точно се знае колку материјал ни треба за целата изработка. Клиентот може однапред да го види моделот и да одлучи дали му се допаѓа или не. Кога го видов постот на фејсбук , знаев дека е совршена прилика за мене и затоа се пријавив во истиот момент и не згрешив. Сепак, и иднината на целата модна индустрија ја гледам во 3Д.

Сподели го твоето прво фриленсерско искуство како дизајнер на облека во 3Д.

Фриленсингот е таква работа која што ни дава слобода и флексибилност. Сами одлучуваме кога ќе работиме колку време, колку долго и  колку ќе се вложиме во тоа. Колку повеќе се трудиме бараме и аплицираме толку повеќе ќе успееме. И да не се откажуваме поради незнаење. Јас се уште сум немамла искуство во таа област но секојдневно се трудам , аплицирам и барам проекти. Сепак и иднината ја гледам во и во фриленсингот.

Што би им препорачала на сите заинтересирани за оваа обука и за фриленсерство како кариерен пат?

Топло им препорачувам да се приклучат на обуката, да инвестираат во себе , бидејќи се исплати на долг план. Само треба да се трудиме и да даваме повеќе и повеќе, бидејки на крај се исплаќа трудот.

Обуката “Дизјан на облека во 3Д” и фриленсинг курсот е поддржан од програмата RECONOMY.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Andrijana Serafimovska

Андријана Серафимовска е асистент за комуникации во Импакт Фондација. Амбициозна и мотивирана индивидуа, со страст за волонтирање за да се подобри квалитетот на живот на лица од маргинализирани групи. Таа има искуство во управување со проекти за невладини организации и маркетинг на социјалните медиуми.