You are currently viewing Илариа Кирилов – моден дизајнер, инфлуенсер и модел

Илариа Кирилов – моден дизајнер, инфлуенсер и модел

Илариа Кирилов е моден дизајнер, инфлуенсер и модел, со диплома од Европски универзитет за уметност и дизајн во Скопје, каде што го развила својот уникатен дизајнерски стил. Кога не дизајнира или не е на снимање, го обожава истражувањето на нови трендови и сака да е во тек со најновите модни вести, затоа и се приклучила на проектот за изучување на 3Д софтверот за моден дизајн, курс кој го спроведува fashion-freelancer.mk.

Поразговаравме со Илариа за нејзиното искуство со обуката за 3Д моден дизајн и фриленсерството.

Сподели го твоето искуство со обуката дизајн на облека во 3Д?

Неодамна ја завршив програмата за обука во 3D софтверот и сум многу задоволна со тоа што успеав да постигнам за релативно кратко време.  Не само што стекнав вредни технички вештини, туку и научив  како да дизајнирам и истражувам нови можности на начин на кој  претходно не ни размислував. Се чувствувам многу посамоуверена во својата способност да креирам иновативни, модерни дизајни кои ги преминуваат границите на традиционалната мода.

Менторите беа фантастични. Во секое време беа достапни за одговарање на прашања и даваа поддршка кога ми требаше. Ме поттикнуваа да експериментирам со различни техники и пристапи, и се чувствував дека вистински инвестираат во мојот успех.

За мене, најинтересниот аспект на тренингот беше учењето како да користам 3D софтвер за моделирање и креирање виртуелни прототипови на моите дизајни. Беше фасцинантно да ги видам моите дизајни оживеани во 3D, ми се допадна и тоа што можам да експериментирам со различни бои, текстури и материјали за креирање уникатни и иновативни дизајни.

Како се одлучи да аплицираш за оваа обука и да започнеш да работиш како филенсер?

Одлучив да аплицирам на програмата за тренинг во 3D софтвер , бидејќи го видов како можност да ги подобрам своите вештини и да ги проширам своите знаења. Како моден дизајнер, знаев дека владеењето на 3Д софтверот би било од голема придобивка, како за креирање на 3D модели на моите дизајни, така и за соработка со други професионалци во индустријата.

Откако го завршив тренингот, сфатив дека сум развила страст кон 3D дизајнот и сакав да го истражам подетално. Тоа беше кога одлучив да започнам да работам како фриленсер, да преземам проекти кои ќе ми овозможат да ги применувам своите нови вештини и да работам на различни возбудливи проекти на Upwork и Fiverr.

Моето семејство има модно атеље кое постои веќе од 40 години, и од секогаш сакав да внесам нови техники како 3D дизајн, за да направиме нешто по иновативно и модерно. Верувам дека вклучувањето на овие нови техники ќе го засилат квалитетот на нашите дизајни и ќе привлечат поголем број на клиенти.

Што би им препорачала на сите заинтересирани за оваа обука и за фриленсерство како кариерен пат?

Во целост, имав неверојатно позитивно искуство со обуката . Сметам дека стекнав вредни вештини и знаења кои ќе ми послужат во мојата идна кариера. Го препорачувам на секој кој сака да ја подигне својата креативност во дизајнот и во модата.

Сите кои се заинтересирани да работат како фриленсери им препорачувам да почнат да аплицираат на проекти и да не се откажуваат додека не го добијат својот прв проект.

Обуката “Дизјан на облека во 3Д” и фриленсинг курсот е поддржан од програмата RECONOMY.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Andrijana Serafimovska

Андријана Серафимовска е асистент за комуникации во Импакт Фондација. Амбициозна и мотивирана индивидуа, со страст за волонтирање за да се подобри квалитетот на живот на лица од маргинализирани групи. Таа има искуство во управување со проекти за невладини организации и маркетинг на социјалните медиуми.