Одржлив развој на МСП

MSD „крофна“

Секој развој на пазарни системи (market systems development – MSD) кога е претставен на сликовит начин е составен од три главни компоненти. Тоа се: основен пазар или јадрена трансакција помеѓу побарувачка и понуда, помошни функции за да се одржи таа трансакција и правила и закони кои влијааат на нивно извршување. Тие ја формираат т.н MSD „крофна“ преку која се анализираат сите интервенции пред да се имплементираат.





Основен пазар

Основниот пазар ги содржи страната на понудата и страната на побарувачката. Се набљудуваат двете страни одделно, односно кој се наоѓа на страната на понудата и кој се наоѓа на страната на побарувачката. Основниот пазар ги поврзува двете страни во еден пазар – кој е всушност пазарот кој имплементаторот на развојни системи го опслужува со интервенцијата. Тргнувајќи од овде, се разгледува кои се потребите на пазарот што се опслужува, каде има несовршености и зошто, дали може нешто да се направи за да се подобри ситуацијата.

Помошните функции се: услуги, ресурси и инфраструктура. Дали може да се подобрат услугите што се нудат и како? Дали може да се понудат повеќе ресурси доколку има недостаток од истите? На кој начин може подобрувањето на инфраструктурата да влијае на подобрување на пазарот што се опслужува? Кои се клучните партнери за имплементација на интервенцијата? Дали тие сакаат да се вклучат и вложат во имплементација на интервенцијата? Ова се само дел од прашањата што се поставуваат кога се анализира дали интервенцијата би успеала.





Помошни функции




Правила




Во секој систем постојат правила кои треба да се почитуваат. При имплементација на интервенцијата, се разгледува кои се правилата, законите, легислативите кои треба да се почитуваат. На тој начин се формира самата интервенција и се внимава да не се наштети на останатите компании кои постојат, туку имплементаторот работи со нив.