Проектот “Силни мали производители водени од бизнис” е проект наменет за соочување со предизвиците кај малите производители на храна, предизвикани од Ковид-19 пандемијата, коjа негативно се одрази врз целокупната прехранбена индустрија во земјата.
Локалните мали производители и работниците од синџирот на локално производство и преработка, се соочуваат со тешкотии на откривање на нови канали на дистрибуција и пласман на нивните производи на пазарот.
Целта на проектот е зголемување на пазарната вработливост кај малите производители на храна. Проектот е поддржан од ИМЕ програмата за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од Импакт Фондација во партнерство со SlowFood Macedonia и Women In Tech Macedonia. Целта на проектот е овозможување на менторство и поддршка во развојот на бизнисите, маркетинг, промоција и градење на автентичност кај малите производители.
“Силни мали производители водени од бизнис” овозможува инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна, водејќи кон континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста во овој значаен сектор за Република Северна Македонија.
Во овој каталог се претставени дваесет мали производители. Секој од нив поседува уникатна вредност. Целта на каталогот е да претстави дел од автентичноста на малите производители на храна. Уникатниот вкус и изработка на овие производи се причина за создавање на мала, но постојано растечка лојална база на купувачи на ваквиот тип на производи.
Каталогот можете да го превземете на: Каталог – Мали производители
Преку проектот ,,Силни мали производители водени од бизнис”, Impact Foundation, Slow Food Macedonia и Woman in Tech поддржаа 20 мали бизниси преработувачи на локална храна и пијалоци во подобрување на бизнис моделот, менторска поддршка во процесот на имплементација на бизнис моделот, подобрувaње на промоцијата и поврзување со нови канали на дистрибуција и продажба на производите.
Проектот е спроведен со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).