You are currently viewing Топ 8 најбарани фриленс професии во 2023

Топ 8 најбарани фриленс професии во 2023

Се повеќе луѓе одлучуваат да станат фриленсери на македонскиот пазар. Слободата да работат од каде сакаат и кога сакаат, како и високите приходи и безброј можности за ангажмани во странски и домашни компании, ја прават оваа професија привлечна и достапна за сите.

Издвоивме 8 фриленс професии кои се најбарани во 2023 година.

1. Веб дизајн

На секој бизнис му се потребни веб страна, апликација и други дигитални алатки со цел да ја задржи својата компетитивност на пазарот. Веб дизајнерите и девелоперите треба да знаат јазици за програмирање, UX|UI дизајн и да имаат способност да му го решат проблемот на клиентот.

2. Графички дизајн

Графичкиот дизајнер треба да поседува естетски вештини, односно типографија, фотографија, илустрација, симбол и боја со цел да ја визуелизира пораката или информацијата на бизнисот.

3. Copywriting

Copywriter треба е креативен и да поседува вештина за пишување со цел да создаде содржина која ќе едуцира, убеди или влијае врз публиката, најчесто за да продаде некој производ или услуга. Исто така, треба да има одлични комуникациски вештини и познавање на веб аналитики со цел ефективно да стигне до таргет публиката на бизнисот.

4. Менаџирање на социјални медиуми

Социјалните медиуми се платформи со потенцијал да стигнат до милион луѓе онлајн и им помагаат на бизнисите да бидат во постојана комуникација со својата публика преку контент маркетинг и платени реклами. Менаџерите на социјални медиуми треба да поседуваат одлични комуникациски вештини и вештини за пишување, како и способност да тестираат различни реклами и да следат веб аналитики.

5. Видео едитирање

Видео едиторите треба да поседуваат знаење за софтверско едитирање, да имаа креативност и естетски вештини, со цел да можат да состават видео кое визуелно најдобро ќе ја прикаже пораката на бизнисот.

6. Виртуелна асистенција

Се повеќе бизниси ангажираат фриленсери со цел да заштедат на ресурси и време, па затоа голем подем во 2023 година има професијата виртуелен асистент. 

Виртуелните асистенти треба поседуваат одлични организациски и комуникациски вештини, како и мултитаскинг и способност брзо да ги научат софтверите и алатките кои ги користат нивните клиенти со цел да ја максимизираат ефикасноста во извршување на нивните работни задачи.

7. Дата анализа и визуелизација

Дата аналистите преку анализа, интерпретација и визуелизација им помагаат на бизнисите да носат одлуки базирани на податоци со цел да ги подобрат своите процеси и да ја зголемат ефикасност. 

Дата аналистите треба да поседуваат одлични аналитички и комуникациски способности, како и способност за решавање на проблеми и солидно познавање на софтвери како Excel.

8. Сметководство и книговодство

Организациите мораат да водат сметка за своите финансии, па затоа сметководството и книговодството се есенцијални потреби на секој бизнис.

Лицата кои ја работат оваа професија мора да имаат комуникациски и аналитички вештини, одлично познавање на сметководствените принципи и способност за решавање на проблеми.

Денес, во ера на дигитализација, постојат лесно достапни начини на кои можете да се стекнете со овие вештини. Бесплатни курсеви, курсеви кои се плаќаат, туторијали, како и инфлуенсери кои ги споделуваат своите знаења и вештини на социјалните мрежи.

Доколку сметате дека сакате да работите како фриленсер во некоја од овие професии, поседувате некое знаење или пак сте почетник, сега е време да истражите и да вложите време и труд за да ги стекнете потребните вештини и искуство и да започнете независно да заработувате.

Извори:

https://careersherpa.net/best-freelance-jobs/

https://freelancinglabs.com/top-10-most-in-demand-freelance-skills/

Andrijana Serafimovska

Андријана Серафимовска е асистент за комуникации во Импакт Фондација. Амбициозна и мотивирана индивидуа, со страст за волонтирање за да се подобри квалитетот на живот на лица од маргинализирани групи. Таа има искуство во управување со проекти за невладини организации и маркетинг на социјалните медиуми.