Националната Стратегија за Одржлив Развој (NSDS)
Националната стратегија за одржлив развој (National Sustainable Development Strategy – NSDS) е дефинирана како координиран и партиципативен пристап кон мислите и акциите на одредена земја за да се постигнат економските и социјалните цели на интегративен начин. Да се биде одржлив значи да се задоволат потребите на сегашноста без да се наруши можноста да се исполнат потребите на идните генерации.
Нема специфични барања за спроведување на ефективен NSDS, имено затоа што секоја земја се соочува со своите предизвици и затоа, секоја треба да го одреди својот начин на развој.
Во Македонија, која е целосно посветена кон целите за одржлив развој, направени се неколку обиди за спроведување на NSDS во изминатата деценија. Иако не мора секоја земја да ги обележува своите стратешки активности како NSDS, несомнено можеме да кажеме дека се преземени конкретни активности за решавање на проблемите во Македонија, главно во врска со предлогот и спроведувањето на акциите за климатски промени, институционалните реформи и одржливата потрошувачка и производство. Сепак, недостатокот на плански ресурси го отежнува процесот на спроведување. Понатаму, носителите на владини одлуки активно се залагаат за членство во Европската унија поради економски раст и зголемување на ресурсите.
Одржливо Либерализирано Тргување – Националната Стратешка Вредност и Локалните Придобивки
Оддржливо и либерално тргување значи да се биде дел од меѓународната трговска мрежа што ги поддржува домашните економски и социјални цели на еколошки начин, без какви било, или барем повеќето ограничувања од аспект на движење на промет . Иако многу земји се користат со билатерални или мултилатерални договори кои укинуваат многу ограничувања во трговијата, товарот на даночни побарувања, увозните и извозните мешавини кои не се диверзифицирани и недостатокот на синергија помеѓу долгорочните и краткорочните цели во политиката, налагаат за посистематски пристап кон создавање стратегија.
Одржливоста на трговијата е важна затоа што денешната модерна трговија спаси многу луѓе од сиромаштија, не само тоа, туку и денешниот систем на оддржливо тргување што повеќето развиени земји го спроведуваат има минимално негативно влијание врз општествените и еколошките трошоци со што е можно повеќе инвестиција во технологија, а технологија пак, и покрај тоа им овозможува на овие економии да бидат помалку зависни од природните ресурси кои брзо се исцрпуваат.
Според Индексот на оддржлива трговија од Фондацијата Хајнрих од 2020 година, кој разгледува многу фактори и метрики за проценка на нациите што спроведуваат одржливо тргување, јасно е дека земјите кои долгорочно развиваат, некои видови национални стратегии за одржливост се на врвот на листата. Главно земјите од Источна и Југоисточна Азија, како Сингапур и Јужна Кореја,кои рапидно ги развиваат своите економии заради раната имплементација на некои NSDS, многу порано пред Целите за Оддржлив Развој 2030 на Обединетите Нации да ја потенцираат потребата од некаква форма на NSDS.
Македонија, се соочува со многу предизвици при креирање политики и институционални промени, главно нискиот производствен капацитет и образованието придонесоа Македонија да биде ориентирана кон увозот. Процесот на либерализација на трговијата е особено клучен за земјите во развој и нивните економски перформанси, како што е Македонија, бидејќи е земја што троши 48% од годишниот буџет на т.н. „тековни трошоци“, што претставува трошок наменет за буџетските корисници на пензионерските фондови, и владините институции кои ги користат за покривање на основните плати, пензии и разни други трошоци.
Оддржлив развој во трговијата е неопходен со цел да се намали процентот на употреба на буџетот за овие видови трошоци без да се загрозат животите на сите што имаат корист од нив. Во суштина се потребни поголеми приходи од инвестиции и диверсификација и комплексен извоз кога станува збор за трговија. Да се има солидна и унифицирана Национална Стратегија за Оддржлив Развој може да има корист не само за касата на земјата, но исто така може да промовира развој на инфраструктурата, социјалната благосостојба, образованието и приватниот сектор кои ќе ги вратат инвестициите со поподготвена работна сила, вработување, подобри јавни добра и услуги. Воедно како важен аспект од тоа, владините субвенции би биле полесно достапни и посуштинско наменети, во насока на минимизирање на негативното влијание врз животната средина на што поголем број луѓе, опфаќајќи го концептот на Оддржлив Развој.