Конечно го најдовте вашиот прв клиент. Сега сте желни да ги започнете работите и да се фокусирате на испорака на ветеното. Можеби веќе некое време и работите со клиентот.
Не е важно дали сте долгогодишен фриленсер или пак почнувате денес. Шансите се дека ќе наидете на некои клиенти кои ќе ве исцрпат физички и ментално. И што е најлошо, нема ни да го препознаете тоа додека не е доцна.
Се сеќавате на изреката: „Клиентот е секогаш во право“? Па, некогаш не е. Можеби ќе го оправдате клиентот бидејќи плаќа добри пари за вашата услуга. Да се разбереме, недостатокот на клиенти значи дека не можете да заработувате. Сепак, овие клиенти може да доведат до стрес и здравствени проблеми на долгорочен план.
Меѓутоа, ако добро спиете и немате проблем со овие луѓе, тогаш ви честитаме. Вие сте уникатна личност и можеби нема да ви треба овој блог.
Сега за повеќето од нас, треба да се превземат мерки на претпазливост. За да ја заштитиме нашата фриленс кариера, треба постојано да бидеме претпазливи. Еве некои од „црвените знамиња“ на кои треба да внимавате при справување со вашите клиенти.
Ве споредуваат
Има нешто нехумано во тоа што ги тера повеќето од нас да споредуваат со други. Овие клиенти постојано ќе ве споредуваат со другите за да добијат нешто повеќе. „Имавме фриленс кој направи две работи за вашата цена“ или „Можеме да најдеме уште десет како тебе на Fiverr“.
Овие клиенти имаат тенденција да заборават дека ВИЕ носите автентична вредност. Вие ги испорачувате вашите квалитети, таленти и перспективи на работата. Ако она што тие го бараат бара тип на личност како ВАС, тие веројатно нема да ги исполнат своите очекувања ако не ве вработат. Ќе знаете дека на овие клиенти им недостасува перспективен поглед на долг рок.
Очекуваат да бидете на повик 24/7
Дали зборот „free-слободен“ кај freelancers значи нешто? Треба да значи! Затоа што тие ве најмиле за да работите според ваш распоред нормално сè додека вие испорачувате навремено.
Многу фриленсери сакаат да избегаат од фиксното работно време, па затоа и започнале со овој вид работа. Можеби ќе сакате да поминувате повеќе време со вашето семејство/пријатели или сте на другиот крај на светот. Не е важно. Клиентите треба да знаат дека понекогаш фриленсерите нема да бидат достапни во текот на нивните работни часови.
Тие се обидуваат да ги создадат правилата на игра
Ако разговарате за плаќање со вашиот клиент и слушате „надвор“ или „помеѓу нас“, треба да ја прекинете комуникацијата. Ако работите на фриленс платформа, постојат прописи во врска со плаќањето. Така, вашиот клиент може да предложи да ве платат надвор од рамки на овие прописи. Можеби ќе кажат дека ќе ви направат услуга за да заштедите пари, но не верувајте.
Дополнително, постојат прописи за услуги од трети лица направени за да се заштитат фриленсерите во случај на спорови. Не само што ризикувате да не добиете хонорар, туку ризикувате и да го изгубите статусот на фриленсинг платформа на која работите.
Сепак, внимавајте на лошите клиенти дури и кога работите на платформа. Тие најверојатно ќе избегнат потпишување договор за да не одговараат правно. Секогаш бидете сигурни дека сте законски заштитени. Напишете им ги вашите услуги, плаќања, одобренија и така натаму. Бела и црна треба да бидат вашите омилени бои во кариерата а, (дигиталната) хартија, вашиот најдобар пријател.
Клиенти кои бараат од вас да работите неплатен пробен период
Може ли да престанaт да не третираат како штотуку да сме пристигнале на овој свет? Ние ги нудиме нашите услуги, но нашето највредно богатство е времето (во суштина и заработуваме на час). Фриленсерите може да работат за три различни клиенти во исто време. Па зошто тие да работат бесплатно само за тој клиент?
И фриленсерите се луѓе кои имаат трошоци. Повеќето и не се премногу отворени кон потценување.
Не дозволувајте ветувањето за идна соработка да ве намами. Сè што ќе постигнете е што ќе научите неколку лоши практики.
Има уште многу црвени знамиња на кои треба да внимавате во вашата кариера. Бидете внимателни и секогаш ценете се себеси.
Да го завршиме ова на позитивно стојалиште. Има многу фантастични клиенти. Многумина ќе ве ценат и ќе ве препорачаат на други. Ќе бидете среќни и возбудени да работите за нив и да им помогнете да растат. И сега кога знаете на што да внимавате, ќе бидете уште посреќни во вашата фриленс кариера.
Сè уште не сте започнале кариера како фриленс? Проверете ги најдобрите 5 фриленс професии што можете да започнете да ги работите денес!