You are currently viewing Фриленс кариера долга една декада и многу совети – Блаже Спирески

Фриленс кариера долга една декада и многу совети – Блаже Спирески

1. Со експертиза во Web Design/Development, Graphic Design, Video Editing и Virtual Assistance како се одлучи во која гранка да ја започнеш твојата фриленс кариера? Како изгледаше првиот твој проект? 

Тоа беше уште во времето на oDesk, кога фриленсингот уште не беше толку проширен и популарен како сега. Првите клиенти на кои се сеќавам, беа од Америка и имаа потреба за брендирање на настани од фитнес индустријата.  

Потоа следеа неколку клиенти од Австралија, поврзани со видео продукција. После неколку позитивни коментари, почнаа да се појавуваат и други клиенти од различни индустрии и тогаш почна да станува сè полесно и поедноставно.

Во програмата за менторство на фриленсери, поддржана од Impact Foundation, ќе вклучиме доста искуства и совети, со цел идните фриленсери да може да се пробијат на интернационалниот пазар многу полесно и побрзо.

2. Што ти беше мотивацијата да ја основаш Freelancedonia? Кажи ни нешто повеќе за оваа група. Колку се активни македонските фриленсери?

Freelancedonia како група и заедница се појави спонтано. Постојат се повеќе и повеќе фриленсери во Македонија и се појави потреба за нивно вмрежување во реалниот свет.

Интересот уште од првиот настан што го организиравме беше одличен. Покрај networking настани, повремено организираме и co-work т.е. заедничко работење од различни локации, најчесто Public Room – Скопје. 

Оваа заедница е наменета за луѓе кои веќе се фриленсери или претприемчи. Имаме луѓе од сите области, концептот се разви одлично и имаме уште многу планови за во иднина.

3. Твојата фриленс кариера се приближува десетата година. Што совет би дал на себеси да можеш да се вратиш назад во времето?

Интересно прашање. Нешто што би ги советувал и идните фриленсери е да определат една до две сфери, да ги развиваат своите вештини во тие сфери и потоа да се впуштат во барање работа. Исто, да избираат проекти што сакаат да ги работат. 

Во обуката за менторство на фриленсери, на која веќе работиме, ќе ги советуваме студентите како да препознаат квалитетни клиенти, како го добијат и задржат нивното внимание на долг рок и уште многу други детали.

4. Kоја платформа за фриленсинг сметаш дека е најдобра за почетник? Зошто?

За почетници, секако би ја препорачал платформата Upwork.com. Целиот концепт на кој функционира Upwork е едноставен и лесен за користење. Корисникот креира профил и потоа се појавува зид (слично како facebook). Со тоа се прегледуваат работни понуди или проекти на кои може да се аплицира. Мислам дека за почетници, Upwork е најсоодветното место.

Во обуката за менторство на фриленсери, ќе ги вклучиме сите потребни детали и ќе ги откриеме сите најнапредни техники, за како студентите да најдат работа online и како да дојдат до висока зарботка.

Блаже е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку неговата експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка. 

Доколку сакате да научите за Графички, веб дизајн, видео монтажа и виртуелна испомош од Блаже и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК

Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.