Можеби некогаш сте се запрашале која е поголемата слика позади интервенциите на Импакт Фондација. Во овој блог ќе ви откриеме која е методологијата според која работиме како организација.
Приказната на Импакт Фондација ја започнаа Елена Иванова и Игор Мишевски во 2019 година. Имено, тие веќе половина декада практикуваа методологија за развој на пазарни системи (market systems development – MSD) каде сфатија дека сакаат да ја користат токму оваа методологија за напредок на одделните пазари во нашата земја. Market Systems Development претставува пристап за развој кој е водилка во разбирање на причините поради кои не може да се достигне следното ниво на развој на пазарната околина и како да се делува системски за долготрајна промена во овие системи.
Со оваа премиса, Импакт Фондација има изработено неколку интервенции кои ќе ги објасниме преку призмата на market systems development.
Унапредување на пазарот за самовработување
Импакт Фондација заедно со швајцарската интеркооперација Хелветас го имплементираат проектот Рекономи каде движечка методологија е развојот на пазарни системи. Импакт фондација им пристапи на една ниша целна група-фриленсерите кои се со голем потенцијал за самовработување. Примарно се анализираат побарувачката, понудата и околината во која делуваат пазарните актери. Секогаш се има на ум која е целната група во фокус на интервенцијата. Во нашиот случај, ние ги ставаме во фокус идните фриленсери, луѓе кои сакаат да работат дигитална работа, сакаат да работат за интернационални работодавачи, би сакале да не се фиксирани за постојана локација и преферираат флексибилни работни часови. Меѓу нив, особено се погриживме да ја најдеме погодноста за ранливи групи: млади, жени. Нашата анализа ни помогна да разбереме кои се најважните 10 дигитални работни места за кои има техничка обука во приватните тренинг центри. Така со помош на отворен повик, ги побаравме тренинг центрите кои ќе сакаат да воведат обука за фриленс вештини како додаток на нивната техничка обука за дигитални вештини, а ние ќе им помогнеме да ја развијат и лансираат на пазарот за обуки.
Додека работиме паралелно на јакнење на понудата за фриленс вештини, ние ги мапиравме сите чинители во околината на фриленсерите како што се:
- Министерство за образование и наука
- Осигурителни компании
- Македонска банкарска асоцијација
- Платформи за наоѓање проекти за дигиталци
- Интернационална организација за труд
- Инструктори за фриленсинг
- Кариерни центри
- Приватни пензиски фондови
- Организации како Startup Macedonia и Women in Tech
И со сите нив во поединечни интервјуа и работни групи анализираме кои се потребните чекори за развивање на подобри услови за фриленсинг. Сите овие активности подразбираат подигање на свеста за овој тип на работа, јавен дијалог со институциите, здружување во ентитети кои ќе ги застапуваат фриленсерите и така натаму. Сето тоа со цел, идните фриленсери да се охрабрат и да го направат овој чекор без да имаат чувство дека се наоѓаат во нерегулирана или непопуларна форма на самовработување.
Ако сте фриленсер, прочитајте каде може да најдете фриленс проекти на следниот блог пост 7 топ платформи за наоѓање фриленс проекти.