You are currently viewing Овозможете на самохраните мајки во Македонија работа во фриленсинг

Овозможете на самохраните мајки во Македонија работа во фриленсинг

Овој месец, Импакт Фондација започна кампања за собирање средства наменета за обезбедување стручна обука за фриленсинг работа за самохрани мајки во Северна Македонија. Преку меѓународната платформа GlobalGiving (globalgiving.org), го започнавме проектот Овозможете на самохраните мајки во Македонија работа во фриленсинг (Самохрани мајки во фриленсинг).

Во Северна Македонија, загрозените групи како самохраните мајки имаат потешкотии да пристапат до пазарот на трудот. Со исклучок на поголемите градови, постои слаба побарувачка на труд, попречувајќи го вработувањето за овие групи. Дополнително на ова, самохраните мајки имаат повеќе тешкотии да најдат работа поради општествената стигма, неможноста да се балансираат работата и грижата за децата или други фактори кои го попречуваат нивниот професионален напредок.

Целта на овој проект е да се обезбедат средства за покривање на стручна обука за дигитални работни места за најмалку 10 самохрани мајки во Северна Македонија за фриленсинг работа. 

Обуките опфаќаат технички и меки вештини потребни за успешно конкурирање на некоја од фриленсинг страниците.Самохраните мајки ги избравме поради нивните тешкотии во управувањето со работата и грижата за децата. 

Фриленсингот може да им овозможи на самохраните мајки пристојна заработка за егзистенција. Флексибилното работно време исто така ќе обезбеди мајките да можат да изберат оптимално работно време за да можат да се грижат за нивните деца.

Помогнете ни да собереме средства за 10 самохрани мајки да станат успешни фриленсери. 

Ние ги поддржуваме со високо компетитивни 6 месечни практични курсеви за дигитална работа, за да можат да ги воспитуваат и образуваат своите деца. 

Работата со флексибилни часови и заработката од дигитални работни места значи живот за самохрани родители. 

ДОНИРАЈТЕ ТУКА https://www.globalgiving.org/projects/empower-single-mothers-in-macedonia-in-freelancing/?fbclid=IwAR0526jBJevz5dCPEIVBeuNplwY6S50T5gyq4ZWl3W_SVD3W_3VD3W_3VD3W_3VD2

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.