Наоѓањето на фриленс проекти не е лесно, но го прави полесно достапноста на одредени платформи токму за оваа намена. Спремивме листа на платформи кои можат да ви послужат за наоѓање на проекти.
1. Upwork
Upwork е платформа која нуди многу видови работа. Од графички дизајн, дигитален маркетинг, програмирање, девелопирање на WordPress, па се до креативно пишување и илустрирање.
Платформата обезбедува заштита на трансакции и добри клиенти. Негативно е тоа што на почеток се зема 20% од заработката, но истата сума се намалува како што заработувате повеќе. Може да работите од час и на проект.
2. Fiverr
Fiverr е платформа која е слична на Upwork. Нуди разни полиња на работа, каде фриленсерите се нарекуваат продавачи.
Фриленсерите работат на проект, каде им се исплаќа 80% од договорената сума. Заштитени се со сертификат и нема простор за паника од неисплаќање на договорената сума.
3. PeoplePerHour
PeoplePerHour е платформа базирана на работа од саат време. Фриленсерите креираат профил, а клиентите објавуваат проект. Системот на платформата потоа им испраќа форма на фриленсерите за да дадат предлог. Клиентот го разгледува предлогот и го одбира својот идеален фриленсер.
Плаќањата се осигурани од страна на платформата. PeoplePerHour зема 20% од сумата на почетокот која со тек на време се намалува со повеќе работа.
4. LinkedIn
LinkedIn оригинално не е наменет за наоѓање фриленс работа. Но, овде може да се најде фриленс работа. Профилот на оваа платформа треба да ви е добро среден. Објавете ги вашите достигнувања, претходно работени проекти, а дури може и да почнете со градење на личен бренд.
На LinkedIn може да си поставите job alerts за она што го барате, а може да користите пософистицирана алатка како LinkedInProFinder за наоѓање проекти.
5. Behance
Behance е платформа наменета за сите кои се занимаваат со креативни полиња. На платформата може да го изградите својот креативен профил и да покажете што умеете да работите. Може лесно да се поврзите со слични луѓе на вас.
На оваа платформа не може да се најдат безброј огласи за проекти, но она што е постирано е навистина од висок квалитет.
6. Guru
Guru е платформа на која може да се најдат проекти во поле на програмирање, маркетинг, дизајн и така натаму.
Платформата нуди сигурно исплаќање на заработката и лесен начин за докажување на кредибилитетот на фриленсерите. Може да се најдат краткорочни проекти и цена по проект.
7. ServiceScape
ServiceScape е платформа наменета за преведување, пишување и уредување. Фриленсерот мора многу добро да го уреди својот профил бидејќи оваа платформа работи различно од останатите. Имено, фриленсерот чека понуди од клиентите, а не испраќа понуди на нив.
Фриленсерот одредува дали ќе работи на саат или на проект. Сепак, оваа платформа зема 50% од заработката.
Извори:
16 Best Freelance Websites to Find Work in 2022
22 best freelance websites to find work in 2022
Ако сте заинтересирани за костимографија, прочитајте го следниот блог пост Со знаење, храброст, упорност и среќа може да се добие работа како фриленс костимограф.