You are currently viewing Како да обезбедите конкурентна предност на вашето претпријатие при аплицирање за грант

Како да обезбедите конкурентна предност на вашето претпријатие при аплицирање за грант

Финансирањето преку грантови е генерално корисно за компаниите да обезбедат дополнителни ресурси за тековни и идни проекти или други поврзани активности. Освен честопати големите суми на финансиски средства, грантовите се исто така одличен начин за подобрување на видливоста на Вашата организација, бидејќи најверојатно ќе работите со донатори кои располагаат со големи локални и интернационални контакти. Сето ова може долгорочно да ви помогне да ја постигнете визијата на вашата компанија. Овие придобивки континуирано и во се поголем број поттикнуваат компании да аплицираат за грантови, создавајќи конкурентна средина со многу различни идеи и предложени активности за обезбедување на финансирање. Кога го пишувате вашиот предлог за грант, без разлика дали ви е прв или стоти пат, секогаш е макотрпна работа. Долгото работно време и веќе споменатата конкурентна средина често обесхрабнува многумина да аплицираат. За таа цел решивме да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат да го обезбедите првиот грант.

Усогласете ја визијата на вашата организација со проектот

Ако веќе сте го направиле вашето истражување и сте пронашле повици за грантови што се однесуваат на визијата на вашата организација, веќе сте завршиле половина од работата. Понекогаш донаторите отвараат повици каде апликантите можат да пишуваат за тоа што го сакаат. Наоѓањето на заедничка поврзувачка со вашиот донатор е особено клучно, бидејќи најверојатно ќе го привлечете нивното внимание кога ќе го разгледаат вашиот предлог. Донаторите претпочитаат организации кои имаат јасни стратегии и разбирање за доменот на кој се специјализирани. Денес повеќе од кога било, одржливата визија за вашата компанија (и предлог алликација) е врвен приоритет за многу ваши донатори. Аплицирањето за грант со единствена цел за стекнување средства е големо НЕ.

Создајте го предлогот од перспектива на прегледувачот

Важно е да ги разберете прегледувачите на грантови и нивните критериуми за бодување за вашите предлози. И тие се луѓе кои најверојатно не го разбираат жаргонот или акронимите на вашата индустрија. Пишувањето на вашиот предлог што е можно полесно за да ги разберат вашите планови е клучот за подобро рангирање на вашиот предлог. Со цел полесно да ја доловите вашата замисла претпоставете дека вашиот рецензент не знае ништо за вас и вашата заедница, барајќи од вас да го изнесете вашиот предлог што е можно појасно. Дури и ако вашиот прегледувач ве познава, поради многуте поднесени предлози, најверојатно ќе ги разгледа само документите релеватни за вашата апликација.

Ревидирајте и лекторирајте го вашиот предлог повеќе пати

Никогаш не го потценувајте времето што ви е предвидено за да поднесете предлог апликација. Колку порано започнете, толку повеќе време ќе треба да го подобрувате вашиот предлог. Осигурајте се да донесете дополнителни личности за прегледување на вашата документација, без разлика дали тоа ќе бидат вашите со колеги или управниот одбор. Ако сте решени да поднесете добро подготвен предлог, побарајте некој надвор од вашата компанија или организација да ги прегледа вашите документи со цел да ви даде повратни информации. Запомнете, започнете да пишувате што е можно порано. Понекогаш можеби ќе ви треба една или две недели за да ја пополните документацијата, но постојаното разгледување и усовршување на документацијата може да потрае многу подолго од тоа.

Секогаш служете и вклучете ги засегнатите страни

Едно нешто што многу кандидати го занемаруваат е истражување на засегнатите страни на кои им служат. Бидејќи, само со пронаоѓањето на основните причини за проблемите се создаваат долгорочни и одржливи решенија. Ова исто така ќе осигури дека вашата апликација не е позиционирана на начин каде што прави нешто, но никој не е сигурен од кои причини. Дозволете вашите активности да им помогнат на вашите засегнати страни да ги надминат пречките и да ја зајакнат соработката со вас.

За крај, ако вашата организација се стреми кон пристап до овој тип на финансирање, важно е да се напомене дека не секоја апликација носи успех со оглед на тоа што постои голема конкуренција. Нашите совети може да ве водат како да напишете подобар предлог, но упорноста и стекнувањето на знаење и желбата за подобрување од секоја апликација е најголемата конкурентна предност што вие и вашата компанија може да ја поседувате.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.