You are currently viewing Зошто треба да се проба кариера во развојниот сектор?

Зошто треба да се проба кариера во развојниот сектор?

Во последните години, кога климатските промени, социјалните, економските и другите предизвици почнуваат по масовно да се појавуваат, секторот за развој забрзано започна да станува динамично место за поединци чија желба е да го пилотираат свој професионален развој токму во овој сектор. Секторот за развој еволуираше до степен каде што не е повеќе составен само од невладини организации, туку од широк опсег на социјални претпријатија, меѓународни организации, корпоративи или фондации за општествена одговорност, истражувачки организации и многу други. Променливата динамика во овој сектор, предизвиците за  колективен и индивидуален раст и развој и позитивното влијание што може да се произведе поттикнува генерации индивидуи, од младите и амбициозните кон постарите и поискусните професионалци да се пронајдат надвор од традиционалните професии и да се префрлат кон кариера во секторот за развој. Неколку од многуте причини зошто секој човек треба да проба кариера во развојниот сектор.

Можете полесно да се поврзете со вашата работа

Промената на социјалните, економските и другите предизвици навистина може да придонесе да ја пронајдете својата цел  и да придонесете за вашата продуктивност. Можноста да се пронајдете во нешто на кариерен план, или недостатокот од тоа, е една од главните причини зошто се повеќе се напуштаат корпоративните средини каде што најчесто вработените вршат затворен круг на задачи за подолг временски период. Во секторот за развој, искуството е дефинитивно бонус, но, да се има страст, креативно размислување и способност да се делува, отколку да се збори, е многу поважно. Од лична страна, ќе почувствувате чувство на гордост и достигнување, бидејќи ќе можете да имате позитивно влијание врз некого.

Аналитичкото размислување ќе ви оди ,,од рака”

Разбирањето на системското однесување и карактеристиките на предизвикот наместо да се дејствува според лично мислење донесе мноштво иницијативи да се покажат како функционални и одржливи. Поединците кои работат подолго време во развојниот сектор имаат подобро разбирање на сложените прашања во секторот во кој се специјализирани и професионално разбираат што значи развој, односно развој не е само да се даде одговор на прашање, туку да се најдат прашањата што водат до одговорот. Во Импакт Фондација  стремиме да ја спознаеме сржта на проблемот, кој потоа го решаваме преку вклучување на релеватните пазарни сегменти како главни имплементатори на решението. Затоа ја имплементираме методологијата за развој на пазарни системи (MSD), со цел да постигнеме одржлив развој за секоја вклучена страна.

Ќе развиете широка мрежа на познаници

Да имате личен однос со вашите соработници и други засегнати страни што ќе ги среќавате за време на вашиот професионален ангажман е еден од најважните аспекти на вашата кариера. Размислете, никогаш не знаете кога можете да бидете во позиција да помогнете некому или да придонесете за нешто што го прави лицето и обратно. Во вашиот професионален ангажман ќе сретнете многу луѓе од различно потекло со уникатни перспективи и менталитет а, способноста да учите од овие лица ќе ви помогне подобро да разберете многу аспекти на личен и професионален план, па дури и да создадете пријателство во процесот.

И на крај, иако кариерата во овој сектор не прилега на секого, особено е важно младите генерации да се обидат да го најдат својот пат овде, бидејќи тие ќе бидат движечката сила на промените. Без оглед на нивниот исход, тоа во најмала рака ќе ја прошири свесноста за актуелните прашања и промените што треба да се направат од страна на населението. Постојат многу развојни организации во Македонија кои активно преземаат интервенции со цел решавање на сложени проблеми во нашето општество, општество кое може да извлече корист од секој специфичен поединец кој ќе одлучи да придонесе и да му помогне да напредува и би го вратил алтруизмот на пиедестал, бидејќи импактот започнува со помислата за тоа како би влијаеле кон подобрување на состојбата.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.