Фриленсерството како кариерен пат секој ден станува се попривлечна опција за многу луѓе. Но, конкуренцијата е голема, па за да бидеш успешен потребно е да знаеш како да ги истакнеш своите вештини и да се продадеш себеси на потенцијалните клиенти.
Социјалните медиуми се едни од најдобрите места каде што можете да ги промовирате своите фриленс вештини.
Во продолжение, неколку совети кои ќе ви помогнат најефикасно да ги промовирате своите вештини.
1. Креирајте професионален профил
Фриленсингот е еден тип на бизнис кој го водите, па затоа е важно да имате посебен приватен профил и професионален профил. Имајќи професионален профил каде ги претставувате своите вештини и искуства, го зголемува вашиот кредибилитет како фриленсер.
2. Одржувајте конзистентност на вашиот бренд имиџ
Можете да изградите личен бренд со редовно објавување информации поврзани со вашата област на работа. Дозволете им на вашите следбеници да знаат дека сте посветени на одредена тема и дека сте експерт во таа област. На тој начин, кога луѓето или потенцијалните клиенти ќе наидат на тие теми, тие брзо ќе ве запомнат.
3. Следете ги трендовите
Трендовите на социјалните медиуми постојано се менуваат. Бидете во тек со сите промени, со цел полесно да се адаптирате и да ја изградите својата таргет публика.
4. Комуницирајте со вашата заедница
Кога ќе одлучите да ги користите социјалните медиуми како алатка за промовирање на вашите хонорарни вештини, потребно е постојано да бидете во комуникација со вашите следбеници, односно вашата заедница. Исто така, тоа ви помага полесно да стигнете до потенцијалните клиенти.
5. Користете платени реклами на социјалните медиуми
Денес, платените реклами на социјалните медиуми се клучна стратегија за многу бизниси. Па затоа, доколку сметате дека се уште не сте стигнале до поголем број на луѓе од вашата таргет публика, платените реклами се идеално решение.
6. Креирајте содржина која одговара на вашиот бренд имиџ
Објавувајте видеа, слики, дизајни, блогови, how to совети, инфографици или било кој друг тип на содржина, што најмногу ви одговара со цел да останете во постојана комуникација со вашата заедница.
Извор
https://blog.iconosquare.com/5-tips-to-promote-your-freelance-skills-on-social-media/