You are currently viewing Како од фриленсер, ја основав првата игра базирана на Blockchain?

Како од фриленсер, ја основав првата игра базирана на Blockchain?

1. Страста кон видео игрите те поттикна да ја основаш Battle for Giostone. Првата македонска видео игра која се базира на Blockchain. Кажи ни нешто повеќе за како дојде до идејата да комбинираш криптовалути со видео игри?

Самиот недостаток на потенцијална заработка од натпреварување во видео игри, комбинирано со слобода и страст, ме поттикна да ја основам Battle For Giostone. Имам играно Дота 2 повеќе од триесет илјади часа и имам потрошено преку 5,000 евра.

За возврат, немам добиено ништо, ниту пак реално ѓи поседувам предметите што сум си ги купил. Самиот Blockchain овозможува играчите реално да ги поседуваат сите in-game assets како NFTs и да ги имаат на нивен Wallet.

Со помошта на Blockchain, секој играч ќе може да разменува, купува и продава in-game assets на нашиот пазар со вистински валути, во реални економски услови. 

2. Неодамна, беше говорник на првиот настан Од фриленсери до ко-основачи, каде разговараше за приклучување на фриленсерите во стартап заедницата. Дали сметаш дека фриленсерите значително можат да ја подобрат стартап заедницата? Постои ли силна заедница на фриленсери во земјата со познавање на гејминг индустријата? Дали имаш некое искуство со ангажирање на фриленсер?

Фриленсерите во Македонија имаат огромен потенцијал. Дефинитивно можат да ја подобрат Startup заедницата. Тимот кој што моментално ја развива Battle For Giostone е базиран во Украина, САД и Македонија.

Од секогаш сум преферирал да работам со луѓе од Македонија. Но многу ми било тешко да најдам некој е мотивиран и ќе ја сфати работата сериозно. За Battle For Giostone потрошив повеќе од еден месец на барање фриленсери од Македонија преку повеќе платформи. За жал безуспешно. Мислам дека проблемот е во тоа што фриленсерите во Македонија се во некоја удобна зона и им фали малку мотивација и визија за да напреднуваат. 

Јас сум сеуште заинтересиран за соработка со Македонски фриленсери. Секој кој е заинтересиран за било каква соработка може слободно да ме контактира бидејќи верувам дека имаме огромен потенцијал, знаење и искуство.

3. Што би препорачал на некој што сака да започне да работи во стартап или пак да си отвори свој?

Пред се, да не биде скептичен, самиот да верува дека ќе успее и да вложи многу време и труд. Во секој проект има потешкотии, ризици и предизвици на кои треба да биде спремен и најбитно од се да не се откажуваш.

4. Дали некогаш си работел како фриленсер и какво е твоето искуство со овој тип на неформална работа?

Почнав да работам како фриленсер неколку месеци пред 7 години. Изработував едноставни веб сајтови за неколку хотели, ресторани, кафе барови и слично. После само 3 месеци, ја основав мојата прва outsourcing фирма за web development M-Tech Macedonia во која вработив 3 фриленсери и работевме на неколку проекти со странски клиенти. Мој совет за секој фриленсер е да не влегува во комфорт зона туку да работи на надоградување на неговото знаење и во даден момент да проба да основа сопствена фирма без разлика колку тешко звучи.

Серијата на настани – Founders Nights организирани од страна на Импакт Фондација и Startup Macedonia а, поддржани од RECONOMY се настани каде основачите на стартапи ќе го претстават својот бизнис пред публиката и ќе ги инспирираат фриленсерите да развијат сопствен бизнис. Целта е фриленсерите да се приклучат како ко-основачи или членови во тимот на стартапите.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.