1.Како поединец кој ја започна неговата фриленс кариера пред повеќе од 10 години какво е твоето искуство со овој тип на работа? Како личи фриленсерството денес во споредба со минатото? Дали дигитализацијата позитивно влијаеше на подобрување на можностите за заработка од далечина?
Јас како индивидуа секогаш се пронаоѓав во работа од дома. Од било каде( тоа е една од предностите на фриленсерите) и сам со себе и за себе. Но, работејки на овој начин низ годините како што се подобруваа моите вештини и знаења така ми растеше желбата. Моите клиенти тоа го бараа од мене, да бидам дел од големи проекти кои ако би ги работел сам би одзеле повеќе време. Така некако, пред 4 години решив да соберам свој тим и да имаме наше “седиште” кое денес се вика Вебпигмент.
Дигитализацијата дефинитвно позитивно влијаеше. Ние после две супер години во канцеларија, изминативе две со истиот ентузијазам ги поминавме како full remote компанија.
2.Твоето поле на експертиза е WordPress. Какви се можностите за фриленсерите кои сакаат да започнат да работат со оваа платформа? Дали е во подем? Кои се придобивките на оваа платформа во споредба со другите методи на создавање на веб-сајт?
Според последните статистики WordPress поседува 60% од веб страните кои користат т.н. платформи за менаџирање на содржина (CMS). Тоа значи дека минимум секој втор проект на платформите за фриленс е нешто поврзано со WordPress. Главната причина за тоа е што е Open Source и е бесплатен за користење и препродажба.
3. Како основач на WebPigment која се специјализира во изработка на вебсајтови преку WordPress, како твојата фриленс влијаеше на мрежата на клиенти која денеска компанијата ја поседува? Од каде потекнуваат голем број од клиентите?
Вебпигмент е приказна која започна токму заради моите клиенти како freelancer. До ден денес работиме заеднички проекти со голем дел од нив. Со некои тоа прерасна и во соработка, на пример еден долгогодишен клиент од UK сега е дел од мојот тимот како проект менаџер.
4. Кои се твоите очекувања и препораки за фриленсерството во Македонија? Што може да се подобри или воведе?
Има многу можности и работа доволно за сите, freelancer по дефиниција работи по своја динамика и потреби кои сам ги диктира. Имање community е многу значаен момент дури и за оние кои преферираат да Работат сами. Или ќе кажам особено за нив, мене нашето WordPress community па и пошироките познанства со балканските заедници ми донесе пријателства и соработки со истомисленици, и ми беше мотив да ги организирам WCSKP 2018 и WCSKP 2019 и многубројни локални meet-upи.
Митко е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку неговата експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.
Доколку сакате да научите за WordPress од Митко и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК
Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.