1. Во далечната 2008-ма ја започнуваш твојата кариера како развивач на софтвер. Кажи ни нешто повеќе. Како се пронајде во оваа професија како фриленсер? Дали работењете од далечина и опуштената работна атмосфера влијаеше на твојот избор?
Почнав во 2008-ма кога се вработив за првпат но бидејќи сеуште студирав имаше и потреба од дополнителен приход. Тогаш другар ми кажа “фатил“ проект и работи за некој странец преку Elance, денешно UpWork. Креирав профил и така започнав и работа како фриленсер. Работењето од далечина и атмосферата не беа пресудни повеќе ме влечеше тоа што јас можев да диктирам темпо на работа кога сакам и од каде сакам.
2. Во твојата долгогодишна кариера имаш мноштво сработени проекти позади тебе. Кој проект ти останал најмногу при срце? Дали истиот оставил некој импакт врз заедницата која ја таргетирал?
Сите од проектите што сум ги работел а завршиле во продукциска верзија, оствариле некаков импакт врз заедницата, некој помал некој поголем. Можам да кажам дека со дечките од сегашно embedSocial изработивме неколку Facebook апликации кои беа меѓу првите на нашиот пазар. Мислам дека после тие апликации направивме т.е. тие направија голем импакт на пазарот на кој потоа и други се потрудија да се приклучат.
3. Според тебе кои вештини или карактеристики се најпотребни за некој што би сакал да ја научи твојата професија? Како твоето менторство ќе ги надогради идните фриленсери во земјата?
За да бидеш фриленсер според мене покрај примарниот сет на знаење што треба да го поседуваш во дејноста во која нудиш услуги/производи, треба да бидеш и добар продавач и да градеш однос со клиентите. Јас имам интересна приказна што би сакал да ја раскажам на идните фриленсери. За како од студентски профил за по некој проект сработен на страна до Top Rated профил и сериозни проекти и сериозни клиенти. Мислам дека ќе биде од голем бенефит.
Димитар е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку неговата експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.
Доколку сакате да научите за развој на софтвер од Димитар и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК
Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.