You are currently viewing Секој проект претставува поголем предизвик – Горан Атанасовски

Секој проект претставува поголем предизвик – Горан Атанасовски

1.Како дологодишен професионалец со многу изработени проекти во креативниот дизајн од каде ја црпиш твојата инспирација?

Инспирацијата е различна за секој проект. Во моето долгогодишно искуство во оваа област можам да кажам дека истражувањето и искуството имаат голем удел во креативните процеси. Сепак работиме во дигитално време каде што голем дел, повеќе од 90%, од проектите се применети креативни решенија. Така што искуството и познавањето на пазарот имаат голем удел во креирањето на нови дизајни. 

2. Кои се некои типични стереотипи кои си ги сретнал за твојата професија? Можеш ли да ни појасниш кои и колку се вистинити?

Ах, има многу. „Абе земи нешто нацртај, па ти па…“, „И внук ми може ова да го направи за помалку пари…“, „Ти си компјутерџија, мора да знаеш зашто не ми работи компјутерот…“

3. Моментално си ангажиран на 5 големи проекти а, наскоро и како фриленс ментор. Дали и со овој обем на работа фриленсерството дозволува ефикасно организирање на времето, без да се наштети на личниот и професионалниот живот?

Со фриленсот секогаш си на тенка линија помеѓу работата и приватниот живот. Сепак со добро менаџирање може сè да се организира.


Да, јас сум активен на 5 големи проекти, и успевам да го менаџирам тоа. Во некој од проектите сум во менаџмент областа каде што давам насоки/ревизии на фриленсери, а во дел од нив сум активен во креирање на идеи. Различноста во ангажманите е тоа што ми дава енергија да бидам активен и не ме исцрпува. А менторството, да пренесеш знаење на помлада генерација и да бидеш успешен во тоа, е вистински предизвик. 

Горан е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку неговата експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.

Доколку сакате да научите за Графички дизајн од Горан и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК

Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.