You are currently viewing Како да станете Top Rated фриленсер на Upwork

Како да станете Top Rated фриленсер на Upwork

Можеби сте нови во водите на фриленсерството. Можеби сте почнале да ја градите вашата фриленсинг кариера на Upwork и се прашувате како да напредувате побргу.

Upwork има тесно дефиниран систем за станување најдобро рангиран фриленсер (top rated freelancer).

На вашиот профил на Upwork има процентуален износ од успешноста на проектите на кои работите. Уште е наречен и Job Success Score. Овој износ всушност покажува колку се успешни вашите проекти, односно колку клиентите се задоволни од вашата работа. Треба да се стремите да нудите добра услуга, се со цел клиентите да ви оставаат 4-5 ѕвездички проследени со позитивни тестимонијали.

Профилот уште покажува и колку вкупно часа сте работеле, колку пари сте заработиле и колку проекти сте сработиле.

Иако овие работи не укажуваат на вашиот талент, тие допринесуваат кон освојување на еден од беџовите на Upwork.

1. Rising Talent Badge

Овој беџ е првиот што можете да го добиете на Upwork. Тој се појавува кога навистина се докажувате како одличен нов фриленсер на платформата. За да го освоите беџот, профилот мора да ви биде 100% комплетен и на досега сработените проекти да имате позитивен фидбек. Обрнете внимание на начинот на работа на платформата, почитувајте ги правилата и сте на добар пат.

Освојувањето на овој беџ има свои бенефити, како на пример:

  • Заработувате повеќе плаќајќи помали трошоци (за 10%)
  • Бонус од 30 контакти
  • Пристап до емаил/чет помош од Upwork
  • Можете да се пофалите со беџ кој го гледаат сите

2. Top Rated Badge

Овој беџ се стекнува доколку се следат чекорите од воведот: добра услуга, добра комуникација со клиенти, позитивен фидбек. Вашиот Job Success Score мора да биде барем 90% во период од 13-16 недели. Профилот мора постојано да е среден и подобруван. Приходите треба да надминат 1.000 долари во последните 12 месеци.

Освојувањето на овој беџ има свои бенефити, како на пример:

  • Намалени трошоци за 10%
  • Опција да се избрише фидбек
  • Пристап до емаил/чет/телефон од Upwork
  • Побрзо плаќање ако работите на саатница
  • Полесен пристап до наоѓање проекти кои се совршени за вас
  • Помош во праќање понуди
  • Top Rated беџ

3. Top Rated Plus Badge

Ако сте подолго време активни на платформата и добро го одржувате Top Rated беџот, имате шанси да го добиете Top Rated Plus беџот. Овој беџ е симбол на добра репутација, големи успеси и успешни долгорочни проекти. За да го добиете овој беџ, мора да остварите приходи од над 10.000 долари во последната година (20.000 долари за агенции). Исто така клиентите мора постојано да се задоволни од вашата работа.

Освојувањето на овој беџ има свои бенефити, како на пример:

  • Се она што вклучува Top Rated беџот, но добивате
  • Top Rated Plus беџ

4. Expert-Vetted Badge

Добивањето на овој беџ е сложен процес кој навистина вреди да се направи доколку сте професионалци во својата област. За да се добие овој беџ, треба да поминете низ pre-screening процес од експерти во вашата област. Потоа ќе бидете евалуирани од Талент менаџерите на Upwork. За да се стекнете со овој беџ, мора навистина да се добри во вашата област, да поседувате меки вештини во комуникација и да го поминете тестот.

Освојувањето на овој беџ ги нуди следните бенефити:

  • Талент менаџер кој ви помага во процесот на наоѓање на совршени клиенти
  • Expert-Vetted беџ

Освојувањето на беџови не е неопходно, но ве става во топ 10%, топ 3% или топ 1% од сите фриленсери на Upwork. На овој начин е полесно да обезбедите предност и да ја докажете вашата експертиза.

Доколку сте нови на платформата Upwork или сакате да се најавите, прочитајте го следниот пост Првите твои чекори како фриленсер на Upwork

Viktorija Andonova

Викторија Андонова е асистент за комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. Таа верува дека секој може да го постигне тоа што ќе го намисли и верува дека секој е способен за го надмине секој предизвик, колку и тоа да изгледа невозможно.