You are currently viewing Создавање на моментум како фриленс ментор – Елена Костоска

Создавање на моментум како фриленс ментор – Елена Костоска

1.Фриленсерството денес се поистоветува со голема заработка, слобода и минимален стрес. Дали овие епитети се точни? Кое е твоето толкување за фриленсинг?

Според мене фриленсинг е избор за различен стил на живот и не може да се споредува со традиционална работа затоа што е целосно различен концепт на работа. Заработката зависи од знаењето. Тоа зависи од поединецот, не можеме да генерализираме и да кажеме дека сите ќе заработуваат добро од првиот ден. Има голем простор за заработка. Но, тоа доаѓа со знаење и вештини и споредбено и на традиционални работи места има одлична заработка која исто е во линија со вештините потребни за истата. Слободата која доаѓа со овој вид на работа исто така значи голема доза на проактивност и дисциплина. За минимален стрес можам само да кажам дека за разлика од традиционална работа, во оваа дејност сами сте одговорни за вашето здравствено осигурување, пензински фонд, технологија (физичка и онлајн алатки), канцеларија и интернет. Дали има бенефити? Апсолутно. Дали тие бенефити се добиваат откако ќе се вложите и ќе изградите портфолио? Да. Првите неколку месеци се многу понапорни од традиционална работа. Но доколку вложите труд и внимание добивате многу бенефити кои ги нема на традиционално работно место. 

2.Во многу делови од светот, на традиционалните работни места жените во споредба со мажите се помалку вреднувани. Дали жените – фриленсери се еднакви со мажите – фриленсери? Имаш ли искуство со клиенти кои пробале да ја намалат твојата вредност или чии одлуки се базирале врз основа на пол?

Можам да кажам дека жените и мажите во ова поле на работа според мене се еднакви според моето субјективно искуство. Не сум имала проблем со наплата. Сметам дека тоа е поради тоа што имам вложено време во учење на продажба ( техники на продажба, преговарање и сл.).

3. За кој аспект од фриленсингот сметаш дека е потребно најмногу време за да се изгради? Зошто?

Мислам дека првите неколку месеци се најтешки, поради конкуренција за ваквите работни позиции. Кога аплицираме за традиционално работно место, нашата конкуренција се најчесто луѓето кои исто така се базирани во нашиот град. Додека пак апликацијата за remote позиции значи дека се натпреварувате со глобалниот пазар на труд. 

4. Половина фриленсери се откажуваат од овој вид работа во првите 3 до 6 месеци. Дали менторството може да ја намали оваа бројка? Која е улогата на менторот во развој на фриленс кариерата?

Мислам дека доста од луѓето кои се откажуваат едноставно сфаќаат дека тој начин на живот и работа не е за нив. Секој од нас има различни потреби, вредности и кариерна замисла. Секој од нас го има правото да го најде тоа што ќе ни овозможи живот каков што сакаме. Менторството може да ја намали оваа бројка преку совети и активна работа на предизвиците со кои фриленсерите се соочуваат. Улогата на менторот е водство, инспирација и помош да се создаде моментум. На крајот на денот менторот не може да работи за нас, исто како што тренерот не може да вежба за нас. Ние сме тука да помогнеме преку предизвици и совети. Секој да може да започне фриленс кариера, на кандидатите е да си докажат на себеси дека се’ што посакуваат е возможно и да достигнат истото со наша помош. 

Eлена е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку нејзината експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.

Доколку сакате да научите за маркертинг од Елена и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК

Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.