You are currently viewing Влегувате во секторот за производство на храна и пијалоци во С.Македонија? – Како да иницирате позитивно влијание врз заедницата.

Влегувате во секторот за производство на храна и пијалоци во С.Македонија? – Како да иницирате позитивно влијание врз заедницата.

Без разлика дали сте развиле страст за производство на храна или сте работеле цел живот во производството на храна, вие одлучувате дека сега е време да заработувате за живот преку поврзување на луѓето со вашите производи. Најверојатно, ќе започнете како мал производител на храна кој ги продава производите во непосредната близина. Денес побарувачката на многу потрошувачи за поздрави производи драстично се зголемува.

Визијата да ја поврзете вашата храна со широко распространетиот потрошувач без да наштети врз земјата претставува предизвик. Многу фактори, вклучително и недостатокот на ресурси и конкуренцијата од побогатите играчи на пазарот, ги надминуваат можностите на малите производители. Ова може да обесхрабри многумина, особено оние кои почнуваат со нивните мали производствени капацитети. Но, се уште не се откажувајте, малите производители се главниот снабдувач на храна на глобално ниво. Многумина многу подобро влијаат на заедницата одколку индустриските производители. Во Македонија, многу мали производители создаваат заедници на купувачи и им помогаат на локалните економии и покрај тешкотиите на пандемијата.

Потребен е само еден (производ) да смени многумина

Еден таков производител е Методи, локален производител на вино од Тиквешкиот регион. Регионот е популарен за локално одгледувано грозје, што резултира со одлични вина што неколку големи компании ги извезуваат. Методи доаѓа од долга линија на производители на вино кои со генерации го прават своето вино за лична употреба. Неговото семејство користи генерациска тајна во комбинирањето на повеќе сорти на грозје со цел да создаде вино со уникатен вкус. Растејќи, тој гледаше многумина соседи и претставници на големи компании како го бараат семејниот рецепт со намера да го реплицираат. Иако многумина генерираат приходи од продажба на вино во регионот, неговото семејство никогаш не попушти. Ова го натера Методи да се регистрира како мал производител на храна и да почне да ги продава своите производи на локалниот пазар.

Како успеа?

Сфаќајќи дека има уникатен производ, но слаб публицитет и многу висока конкурентна средина, Методи реши да ги потроши своите заштеди на создавање на ПР кампања заснована на семејните вредности како услуга за заедницата која веднаш стана вирална. Тој изгради голема мрежа со други локални производители и развојни организации и беше првиот што предложи целосна транзиција кон органско производство. Ова беше дел од поширокото решение за поквалитетно производство. Следеа понатаму планови и за иднината. Тој започна да го промовира винскиот туризам и превзеде активности со развојните организации во земјата за реализација на оваа цел. За возврат, Методи придонесе за економските и еколошките аспекти на неговата заедница. Многу повеќе околни заедници наскоро почнаа да го следат овој одржлив модел на развој.

Влегувањето во секторот за производство на храна, без разлика дали во Македонија или во друг дел од светот не е ограничено само на производство и продажба. Тоа е откривање како вашите постапки можат да влијаат на вашата заедница, да ја поттикнат соработката и да го прикажат малиот производител како чувар на околината. Методи можеби беше измислен, но тој е персонификација на она што секој мал производител може да биде.

Заинтересирани сте да дознаете за неколку успешни примери? Читајте го нашиот блог за моќта на одржливите деловни модели за органско земјоделство!

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.