1. Со одлична работа позиција, во време кога фриленсингот се уште беше непознат на нашите простори одлучи да станеш фриленсер. Зошто? Како дојде до оваа одлука?
Уф. Ова е пред 10 години. Го почнав фриленсингот, примарно поради потребата од независност. Одлична работна позиција, значи поголема плата, меѓутоа драстично поголеми одговорности, продолжено работно време, и помалку слободни денови. Се сеќавам, кога сакав да одам на одмор, 2 недели пред одмор требаше да работам многу поинтензивно, за да можам да делегирам пред да заминам. По одмор, морав 2 недели да работам пак интензивно, за да покријам се што се случило непланирано додека ме немаше. Тука сватив дека треба да го променам животниот стил, а со тоа и работното место.
2. Фриленсингот овозможи да патуваш низ многу земји, но и да создадеш нови познанства. Како секое ново искуство придонесе во твојот професионален развој? Дали можеш да ни дадеш пример?
Со фриленсингот, добив слобода. Кога си дадов отказ, и преминав 100% фриленсер, работите се отворија. Работиш кога сакаш, колку сакаш (се додека ги покриваш животните трошоците). Со сопругата станавме Digital Nomads, и заедно можевме да работи од било каде.
Прво, ставивме фокус на патување. Првично имавме 45-дена патување со кола низ Европа. Работиш наутро, патуваш дента, шеташ попладне. Успеавме да истражиме многу нови работи кои го променија начинот на кој размислувам.
Потоа, еден Септември поминавме 30 дена во Бугарија, во ресорт од 5 ѕвезди за некои смешни суми. Вон сезона. Никој не резервира за 30 дена. Исто, работиш/уживаш во зависност од денот.
Второ, ставив фокус на растење од фриленс на бизнис. Како да поставам тим кој што ќе ја продолжи работата со тековни клиенти, за да можам да се фокусирам на барање нови клиенти, и дополнително растење на тимот. Како растеше тимот, така се создаваше потреба од помош во продажба, маркетинг, па се до вработување на проектни менаџери.
Работејќи фриленс, добив пристап до светски пазари. Како и фидбек од пазарот. Што се бара во САД, Англија, Европа, Австалија? Кои се најновите трендови, и што бараат моментално клиентите на отворен пазар? Овој фидбек го искористив за развивање на нови услуги.
3. Со многу награди и признанија меѓу кои и ,,Amazon Bestselling Book” за твојатa книга ,,Sweet Leads”, колку релеватно го сметаш фриленсерството за овој успех?
Книгата преставува кулминација во мојата кариера. После 10 години работење во фриленсингот, и приватниот сектор, успеав да го документирам моето знаење во една, единствена книга.
Услугите ги развивме врз база на трендовите во фриленсигот, меѓутоа и од фидбекот од клиентите – што дополнително им треба што можеме да го задоволиме?
Така стигнавме до маркетинг и продажба во Б2Б, каде што се фокусиравме, и дополнително специјализиравме. Посебно помагајќи на клиенти со услуги од на 5-10.000еур.
Книгата претставува еден вид на личен дневник, каде што ги документирав процесите, логичките рамки, и сите новостекнати знаења во BizzBee Solutions. Многу пати, при пишувањето на книгата, ќе забележев нелогичности, каде што се враќав во компанијата, да ги подобрам тие работи, за да можам да се вратам на книгата да ја довршам. Повеќето примери, и научени лекции во книгата се од активно работење со клиенти од целиот свет – повеќето стекнати преку фриленс платформите.
4. На повеќе наврати си нагласил дека ти си личност која сака да помогне секому на професионален план. Таа визија денеска за компании ја остваруваш преку BizzBee Solutions, но наскоро и како фриленс ментор за поединци. Кои се твоите очекувања во однос на резултатите за овие две работи?
Мојата работа нема крај. Фокусиран сум на развој. Развој на компании, развој на вработени, развој на опкружувањето.
Во BizzBee Solutions, воведуваме доста иновативни работи на светско ниво, и низ различни медиуми (подкаст, видеокаст, академија, лабораторија) пробуваме да го споделиме со светот. Достигнавме до 28 вработени во Македонија, со план за дополнителен раст.
Со фриленс менторството, се надевам дека ќе насочам млади индивидуалци кон почетоците на фриленс, како да се постават, и како да ги добијат првите клиенти. Меѓутоа не завршуваме тука. После првите клиенти доаѓаат втори и трети и многу други. Следен чекор е да почнат да размислуваат поголемо – вработување на соработници, соработка со партнери, и прераснување во компанија – којашто ќе може да осигура резултати за клиентите, и можност основачот да ги оствари своите приватни цели.
Данчо е дел од мрежата на ментори кои ќе ги предводат идните фриленсери во Република Северна Македонија. Преку неговата експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка.
Доколку сакате да научите за Продажба и B2B маркетинг од Данчо и да станете успешен фриленсер пријавете се на следниот ЛИНК
Оваа активност е поддржана од RECONOMY програмата.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.