Oстанав самохрана мајка уште пред моите две ќерки да можат самостојно да одат. Изборот сама да ги израснувам моите ќерки не беше мој, сепак потребна е волја на двајца за да израснат семејство а, кај мојот поранешен партнер таа не постоеше.
Си реков во себе дека ќе направам се што е можно за да им пружам убав живот на моите ќерки.
Вака ја започна нејзината приказна В.Т. која е самохрана мајка со две ќерки во Македонија .
Свесна бев дека патот кој што ќе го одам ќе биде екстремно тежок, а мојата тогашна работа едвај ги покриваше сите трошоци за семејството. Особено тешко ги поминувавме зимските периоди, каде што трошоците се секогаш поголеми, но се снаоѓавме како можевме.
Сега е полесно, моите ќерки се пораснати. Едната од нив е и верена. Имав среќа што мојата околина не ме осудуваше или ми правеше некои други пречки. Ја имав поддршката од моите пријатели и колеги и мислам дека тоа придонесе барем малку полесно да се справам со секојдневието, особено во првите неколку години кога ги растев сама моите ќерки. Сепак, знам и самохрани мајки кои не ја имале истата поддршка како мене.
Запознаена сум со фриленс и мислам дека е одличен начин на заработка онолку колку што тебе ти одговара. Знам дека некои заработуваат за само неколку часа работа толку колку што просечно се заработува во земјава за 8 часа работа, но верувам дека тие луѓе дошле по многу вложен труд до таа заработка.
За самохрана мајка мислам дека е одлично да започне со фриленсинг, но предизвикот ќе биде во достигнување на степен на независност од нејзината работа, затоа што за убавите работи треба време, а секоја поддршка при влегување во водите на фриленсингот е добредојдена.
Преку проектот за собирање донации на Импакт Фондација ќе се даде можност на 10 самохрани мајки да започнат со интензивни обуки за фриленсинг вештини. Овие обуки ќе помогнат на мајките да стекнат технички познавања и да започнат со работа на некоја од познатите фриленсинг платформи.
Достојната заработка од дома и флексибилното работно време ќе овозможи среќно детство и живот со помалку грижа за овие семејства.
Донирајте на: https://www.globalgiving.org/projects/empower-single-mothers-in-macedonia-in-freelancing/