Се наоѓаме на кафе со Андреја Јарчевски. Си разговараме за неговата кариера како фриленс едукатор во Семос Едукација за курсот за фриленсинг.
Претставете се
Здраво, јас сум Андреја и веќе 12 години сум инструктор во Семос Едукација. Фриленсерски работам како веб дизајнер повеќе од 15-тина години, а мојата позадина е во компјутерските науки и софтверскиот инженеринг. Со задоволство ги пренесувам моите искуства како фриленсер. 🙂
Како изгледа еден типичен час на курсот за фриленсинг?
За време на часот дискутираме на различни теми поставени заеднички со тимот. За време на целиот час се охрабрува интеракцијата и пренесување лични искуства – бидејќи токму на овој начин најдобро се пренесуваат знаењата и вештините.
Колку долго траат часовите и што можат студентите да научат на овој курс?
Часовите траат колку стандарден училишен час, а студентите ќе добијат искуства и знаење во сферата на фриленсингот како дополнителен (па и примарен) начин на работа. Се обидуваме да пренесеме искуства за управување со време, користење некакви методологии, надминување препреки и слично.
Кое прашање најчесто го добивате од студентите и кој е вашиот одговор?
Прашањето кое најчесто се поставува е – „Зошто фриленсинг?“ или уште поточно „Како можам и јас да работам како фриленсер?“. Одговорот тука е повеќекратен, но најчесто започнувам со нагласување дека фриленсингот како модел за работа не е за секого и не одговара за секоја професија. Сепак, за оние кои одговара, нуди навистина многу придобивки и исклучителна флексибилост.
Како може заинтересираните да се пријават за да бидат дел од курсот за фриленсинг?
Сите кои се заинтересирани можат да не контактираат во Семос Едукација не следните броеви:
+389 2 3130 900
+389 75 234 342
Или да се пријават на формата преку нашите социјални медиуми:
https://bit.ly/3F1e2JX
https://bit.ly/3r8XafX – форма
Поразговаравме со Никола Блашковски и Сашо Мегленовски, студенти во Семос Едукација за начинот на кој овој курс им помогна во градење на нивната кариера
„Сметав дека курсот ќе ми помогне во пронаоѓањето на мојот прв клиент на Upwork, и целосно ќе ме упати во фриленс светот. Најдобриот совет кој би можел да им го дадам на оние кои бараат работа како фриленсер е најпрво да го посетат курсот на Semos, а потоа да ги применат сите совети и вештини кои ќе ги стекнат од
истиот. Најдобриот совет кој го слушнав на предавањата е да се биди упорен,и да не се откажуваш доколку бидеш одбиен“ – сподели Никола Блашковски, студент во Семос Едукација со нас.
„Курсот за фриленсинг ми помогна пред се со зададените насоки од страна на менторите од Семос и прекрасно објаснетите работи (што може а што не може во бизнис). Ми помогна со тоа што ми ги прошири хоризонтите и гледиштата за тоа пред се кој сум јас, кој сакам да бидам и кој сум моментално во светот на работата со клиенти.
Курсот за фриленсинг ми помогна со тоа што после него почнав да размислувам пошироко за моите можности (што можам да подобрам) но и со тоа што почнав да размислувам за отворање на сопствен бизнис.
Прекрасно искуство и благодарност до тимот од Семос Едукација“ – сподели со нас Сашо Мегленовски, студент во Семос Едукација.
Доколку се двоумите помеѓу неколку кариерни патишта, прочитајте го следниот пост кој ќе ве упати кон она што моментално е тренди Топ 5 фриленс професии кои можете да започнете да ги работите денес