You are currently viewing Првите твои чекори како фриленсер на Upwork

Првите твои чекори како фриленсер на Upwork

Преземајќи кариера како фриленсер на Upwork може да биде огромна одлука. Нешто ви се случило во последните месеци. Можеби не заработувате доволно или можеби сакате да започнете да работите од далечина и да ја избегнете традиционалната работа од 9 до 5. Навистина, светот брзо се промени, сега повеќе луѓе можат да работат од удобноста на нивниот дом. 

Ако сакате да се приклучите на фриленс пазарот, апсолутно е неопходно да започнете на вистинскиот начин. За среќа, има толку многу места каде што можете да ги научите основите за поставување на профил. Можеби познавате фриленсери, или пак сте решиле да пребарувате по многубројните интернет страници. Многу фриленс платформи се разликуваат. Секоја од нив има свој уникатен предлог и техники. 

Кога станува збор за Upwork, Јован, искусен фриленсер, го споделува својот совет кон зачекорување на фриленс патот

Треба да бидете упорни. Знам дека пред 5-7 години работев на проект на Upwork за 5 долари. Повратните информации што ќе ги остават клиентите се многу важни. Исто така, цената на час треба да биде мала, на пример, 3 или 5 долари. По неколку месеци, постепено ќе ја менувате. – вели Јован.

Со докажано искуство од повеќе од 5 години во фриленс, неговиот врвен совет е:

1. Целосно да го регистрирате профил со реални податоци

На почетокот може да изгледа основно. Но, да имате целосно подготвен профил со соодветни податоци ќе работи во ваша корист. Не само што ќе ви помогне во доверливоста пред клиентите, туку и ќе ве спречи да губите време доколку треба постојано да ги менувате.

2. Проверка на адресата или разговор со автоматизиран секретар

Верувам дека ова зборува само по себе. Не можете да функционирате на Upwork без потврда на вашата адреса.

3. При пополнување на профил, важни се овие работи

– Цената на час не треба да биде поголема од 5 долари (ако ставаат повисока цена, веројатно е дека ќе ви биде тешко да работите на проект)

– Наслов: Вие не сте ограничени на долг наслов, треба да наведете ТОЧНО и прецизно што правите, мојот пример е: 10500+ часа Web developer (Angular, VueJS, HTML, WordPress, UI / UX) ова кажува дека сум направил над 10500 часа и дека имам експертиза за ова. Ова е добар наслов за SEO кога клиентите ве бараат.

– Преглед: Овде ставате поголема листа на она што го работите, колку години искуство имате, кои се вашите ВЕШТИНИ итн.

– Портфолио: ги ставате сите проекти. За почеток ставете 5 до 8 проекти иако не сте ги направиле, најди некои од Freepeek и стави ги. Убаво е да ги имаш.

– Вештини: Наведете ги сите вештини

– Историја на вработување: овде ги внесувате сите компании за кои сте работеле, доколку немате вистинска од LinkedIn, не ги внесувајте.

– Друго искуство: овде внесувате друго знаење.

4. Многу е важно кога поднесувате апликации за работа, да одлучите кои чекори ќе ги користите за да го направите тој проект, на пример, ако некој сака дизајн на лого, треба да внесете работи како ова:

– Истражување

– Планови

– Дизајн во Adobe Photoshop

– Промени и ревизија

– Финален преглед

Не мора да биде вака, туку нешто по тој редослед.

5. Имајте профил на LinkedIn и имајте повратни информации од клиентите, постои и дел за тоа.

6. Не е суштинско, но убаво е да се има лична веб-страница, тоа покажува дека сте сериозни во таа област. Градењето бренд е голема предност во вашата фриленс кариера.

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.