Нашите ментори кои се дел од нашата интервенција поддржана од RECONOMY ги водат заинтересираните фриленсери во Северна Македонија. Нивната експертиза е од витално значење за обезбедување стабилна база на поединци заинтересирани да ја преземат оваа форма на самовработување и да заработат дополнителен приход.

Оваа активност е поддржана од RECONOMY.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Моника Зоксимовска – Архитект

Повеќе од 5 години искуство во работа како фриленс архитект за компании во Обединетото Кралство.

Давид Стефаноски– Копирајтинг и основач на Ridarec Content&Media

Давид ја започна неговата фриленс кариера во 2011. Неговиот став и страст за копирајтинг му донесе многу клиенти и овозможи да ја основа неговата компанија Ridarec Content&Media.

Добри Додовски – Видео Едитор

Top Rated Фриленс Едитор на видеа со неколкугодишно искуство во едитирање за разновидни клиенти. Тој помогнал на многу претплатници да пораснат за краток временски период. 

Елена Костоска – Дигитален маркетинг, Оперативен менаџмент

Нејзината експертиза во фриленсерство резултираше со вработување од бројни компании за оптимизација на менаџмент на тимот, продажба, маркетинг и операции. 

Данчо Димков – Продажба и маркетинг – Основач на Bizzbee Solutions

Неговото искуство во фриленсинг е клучно во развој на неговата професионалност, што му донесе многу награди како “Amazon’s Best Selling Book” и основање на Bizzbee Solutions во 2015 што сега брои 30 вработени. 

Митко Кочовски – WordPress, Основач на Webpigment

Митко започна со фриленсинг пред повеќе од 10 години. Тој помогнал на многу клиенти успешно да го менаџираат и креираат својот вебсајт. 

Блаже Спирески – Web Development, Графички дизајн, Видео Едитор и Виртуелен асистент 

Неговите специјализации му помогнале успешно да заврши многу проекти во 8+ години како фриленсер работејќи за Амерички и Европски компании. 

Андријана Ристовска-Анѓелкоски – Графички дизајн, Социјални медиуми и Менаџмент на социјални медиуми

Класифицирана како Top Rated на Upwork, Адријана успеала да менаџира со динамиката на дигиталниот маркетинг што и ја донела довербата на 4 клиенти со кои работи сега.

Горан Атанасовски – Графички дизајн 

Креативен директор и бренд менаџер специјализиран за графички и веб сизајн. Работи за старт-ап компании помагајќи им во развој на нивниот бренд идентитет, како и комуникација на брендот преку визуелна репрезентација. 

Димитар Велков – Web Development

Фриленсер со повеќе од 10 години искуство во web development, што му овозможи да стекне многу улоги низ многу компании зо технологија во Америка.