You are currently viewing Силни мали производители водени од бизнис

Силни мали производители водени од бизнис

За проектот

Проектот “Силни мали производители водени од бизнис” претставува проект произлезен од тековната пандемија на Ковид-19 и предизвиците произлезени од неа кон нашиот систем на храна. Локалните мали производители и работниците од синџирот на локално производство и преработка, се соочени со предизвиците на откривање на нови канали на дистрибуција,а притоа под закана од невработеност и слаб пласман на нивните производите на пазарот.

“Силни мали производители водени од бизнис” овозможува инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна, и воедно континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста.

Нашиот придонес

За време на имплементирање на проектот секој производител врз основа на наодите добиени при комуникацијата со него добива детално изработен бизнис модел и менторство при спроведување на истиот, со јасни насоки на кои ќе се насочува во иднина. Дополнително во времетраењето на проектот производителот ќе има можност да биде промовиран преку социјалните медиуми со што му се овозможува поголема видливост и  полесен и директен пристап до неговите купувачи.

Импакт Фондација во партнерство со Слоуфуд Македонија се залага за успешно реализирање на овој проект. Нашата улога како организација кој го имплементира проект е во насока на координација со партнерите, изготвување на работилниците, бизнис моделите за производители и овозможување на промотивни активности за производителите.

Преку програмата на Increasing Market Employability (IME) овозможуваме намалување на невработеноста кај малите оператори со храна, зголемена конкурента способност и директен пристап до нивните купувачи.

Досегашни активности

Во текот на овие 6 месеци од неговото активно имплементирање, успеавме да мапираме 40 производители на храна, да создадеме 20 бизнис модели за производители кои би биле показател за усовршување и развивање на нивните бизниси, овозможување на 3 работилници во насока на бизнис модели, маркетинг и етикетирање ќе ги поттикнат производителите да ја задржат нивната автентичност и да ги послужат со знаење како да ја искористат во нивна полза . Дополнително бизнис моделите ни овозможија да започнеме и со маркетинг кампања за секој одделен производител со цел дигитално пласирање на нивните производи на пазарот, што би овозможило создавање на база на купувачи за секој производител врз основа на досегашните и идните планирани потенцијални купувачи.

Оваа активност е спроведена со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Filip Dzhambazoski

Филип Џамбазоски е асистент за маркетинг и комуникации во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА. За него ,, Познавањето на сопствената страст помага и на другите да ја пронајдат својата“ што е во директна корелација со начинот на кој треба да ги обликуваме денешните лидери во идни донесувачи на одлуки.